Кој вели дека само супер интелигентните луѓе можат да имаат фотографско помнење? Замислете се себеси како сте споособни да нацртате еден цел град само откако сте го виделе пет минути возејќи се со хеликоптер над него. Зарем не би било одлично да го можете тоа? Постојат три ефикасни техники за фотограско помнење, кои се всушност техники за поодбрување на помнењето и кои може да ги користите и од кои можете да имате голема полза. Пред да започнете, мора да го вежбате фотографското помнење. Ако од прва не успеете, не очајувајте. Дајте си време и ќе забележите подобрување.

 

Еидетско помнење

 

Еидетското фотографско помнење е дефинирано како способност на поединецот да се сети на слика, звук или на многу други нешта со зачудувачка прецизност. Ова помнење се утврдува со мал и едноставен тест. Поединецот гледа некоја слика или фотографија во времетраење од 30 секунди. Потоа таа му се одзема и се бара од него да ја нацрта или да каже колку што може повеќе детали за неа. Еидетичарите честопати тврдат дека ја гледаат сликата на празно платно точно онаква каква што е. Дури и откако таа ќе биде остранета. На јачината на помнењето можат да делуваат неколку фактори:

 

  • Траењето и зачестеноста на изложеноста на подражавањето
  • Свесното набљудување
  • Важноста на тоа што се помни за дадена личност

 

Техника на поврзување

 

Првата техника, која уште се нарекува и техика на поврзување, се користи со цел да се помогне во мемориската активност. Посебно е корисна за помнење на покуси или подолги текстови. На пример, треба да запомните долга листа со намирници кои треба да ги купите, па обидете се сите зборови да ги претворите во ментално сценарио. Ако на листата имате некои намирници како што е на пример храна за мачки, маици и цвеќе, замислете си мачка како носи маица на која пишува цвеќе.

 

Кога ќе дојдете до последната ставка, поврзете ја со првата. Ова мало ,,филмче,, ќе ви помогне брзо и ефикасно да ги запомните нештата.

 

Поврзување слики и броеви

 

Вториот метод кој најчесто се користи за помнење слики е оној во редослед. Овој систем кој се темели на бројки помага да се запомни редоследот на слики за миг. На пример, имате слики од куче, мачка, глушец, слон, тигар и жирафа наредени по наведениов редослед. Со овој систем едноставно давате број за секоја слика, број 1 – куче, 2 – мачка, 3 – глушец, 4 – слон и така натаму. Во исто време во главата создавате ментално сценарио, со цел да извлечете максимум од овој систем.

 

Ментални мапи

 

Последната техника е позната како мапирање информации. Оваа техника е посебно позната во училишните дениви. Меѓутоа, со тек на време луѓето ја отфрлаат се повеќе, бидејќи станува се потешка за користење.

 

За да ја искористите на најдобар можен начин, земете клучна слика од концептот и потоа разгранувајте ги сите информации кои се поврзани со неа. Колку повеќе информации, толку разгранувањето ќе биде потешко. Сепак, и понатаму оваа техника е многу ефикасен начин за организирање на голем број информации и за полесно помнење на важни податоци.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина