Не е доволно само да се оди во теретана и да се вежба. Доколку сакате брзо зачудувачки резултати, мора подеднакво да ставите акцент на тоа како вежбате. За да имате одличен фитнес режим и да добиете брзи резултати, еве што советува Џилијан:

1. Високо интензивен интервален транинг (HIIT)Ова едноставно значи вметнување во секојдневната рутина на интензивни кардио вежби во куси интервали. Овие кардио интервали можат да се движат од 20 секунди до 2 минути. HIIT тренингот овозможува да се согорат повеќе калории за време на вежбањето откако ќе заминете од теретаната.

2. Комбинациско подигање. Концептот на ова се состои од комбинирање на две или повеќе подигања во една вежба. На пример, вежбање во исто време на чучнување и вежба со тегови за развивање на бицепсите или пак странично чучнување со кревање тегови за вежбање на мускулите на рамењата. Поради тоа што се вежбаат повеќе групи мускули, за многу кусо време ќе согорите повеќе калории.

3. Кружен тренинг. Овој тренинг ве држи постојано да бидете во движење, движејќи се од една до друга вежба, без правење пауза помеѓу. Така, правите склекови, потоа преминувате на серија чучнувања. На овој начин ја менувате мускулната група, па со самото преминување од една на друга група мускули ја одморате онаа група која веќе сте ја измориле. Но, отчукувањата на срцето ви се зголемени се уште, затоа што веќе сте фокусираи на вежби за обликување на нозете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина