Слепото црево се смета за ,,непотребно,, бидејќи, како што велат докторите, тоа нема никаква функција во разградувањето и елиминацијата на остатоците од сварената храна.

 

Сепак, ова ,,црвче,, во организмот понекогаш знае да биде многу проблематично. Затоа е добро да се знае да се препознаат симптомите на воспалено слепо црево.

 

Болки во десниот долен дел од стомакот

 

Симптомите на акутно воспаление на слепото црево можат да бидат болки во долниот десен дел од стомакот, од десната страна на папокот; проследено со чувство на мачнина, нагон за повраќање, често мокрење, а понекогаш и пролив или опстипација (запек). Болката е обично трајно присутна и не поминува со промена на положбата на телото, повраќањето или проливот.

 

Болки на други места

 

Болките можат да се појават и на други места во стомакот, па некои болни имаат болки лево од папокот, во долниот дел од грбот или над срамната коска. Можат да бидат присутни само некои од наведените тегоби, а симптомите се разликуваат од човек до човек.

До воспаление може да дојде на секоја возраст

 

Акутното воспаление на слепото црево може да се појави на секоја возраст, а  најчесто се јавува на детска возраст или во раните дваесетти години. Статистички гледано, почесто се јавува кај преставниците на машкиот пол.

 

Тагови: слепо црево
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина