Постојат неколку хормони кои се сметаат за ,,женски,,, иако некои од нив се присутни и во машкото тело, а та се естрогенот, прогестерпнот и тестостеронот. Се сметаат за женски поради улогата која ја имаат за плодноста на жената, а освен тоа и се подоминантни кај неа отколку кај мажот.

Хормоните имаат улога на гласници во телото, обезбедуваат ,,комуникација,, помеѓу клетките и органите. Тие се одговорни за енергијата, сексуалната сила, младешкиот изглед, контролата на телесната тежина, закрепнувањето од секојдневниот стрес и телесните активности. Нерамнотежата и недостигот доведуваат до замор, нарушување на спиењето, сексуална дисфункција, депресија, намалени имунолошки функции, хронични и дегенеративни болести. Дисбалансот на т.н. женски хормони предизвикува неплодност, проблеми со менструацијата, ПМС и полицистични јајчници.

 

Естрогени

 

 

Трите главни естрогени се естрадиолот, естриолот и естронот. Од првата менструација до менопаузата главен хормон е естрадиолот, а во менопаузата во телото има повеќе естрадиол. Најсилен естрогенски ефект има токму естрадиолот, поради што се смета за главен естроген. Кај жените, естрогенот се произведува во јајчниците, во фоликулите околу јајцеводите, во надбубрежната жлезда и во масните клетки. Тој е одговорен за либидото, но влијае исто така и на имунитетот. Му испраќа сигнали за раст на телото, па така е одговорен и за раст на дојките и коските. Неговото зголемено ниво може да ги влоши симптомите на ПМС, да го зголеми ризикот од рак на дојка и да предизвика проблеми со плодноста. Неговиот недостиг, пак, може да влијае на појавата на остеопорозата, нередовен месечен циклус, замор и несоница. Естрогенот и прогестеронот се надополнуваат меѓусебно и грубо може да се каже дека естрогенот доведува до раст на клетките, додека прогестеронот го држи тој раст под контрола.
Негови други позитивни ефекти се: го подржува растот и функцијата на матката, го поттикнува создавањето на колагенот, делува поволно на нивото на холестерол во крвта, го поттикнува растот и бујноста на косата, ја регулира распределбата на мастите во телото и делува на метаболизмот на јагленохидратите и мастите, го подобрува менталното здравје, делува поволно на либидото, и намалува инфекциите на долниот уринарен систем и многу други.

Негативни ефекти на естрогенот: ги собира маснотиите во телото, ја попречува контролата на шеќер во крвта, ги задржува водата и солта во телото, може да предизвика рак на дојките, го зголемува ризикот за депресија и за добивање главоболки.

 

Прогестерон

 

Прогестеронот подготвува за бременост и породување, па делува со другата половина од месечниот циклус, со цел да го стимулира растот на ендометријата за прифаќање на јајцата во случај да дојде до оплодување, но го регулира и нивното лупење доколку не дојде до бременост. Toа месечно лупење е менструацијата. Прогестеронот се претвора во кортизол кога сме под стрес, така што во тие случаи делува како природна контрацепција. Високото ниво на стрес и нискиот прогестерон често доведуваат до проблеми со плодноста. Прогестеронот е природен антидепресив, важен за редовен сон, го спречува естрогенот во поттикнувањето на растот на клетките, со цел да спречи да дојде до рак на матката, дојките и јајчниците, ја регулира работата на тироидната жлезда. Неговиот недостиг, покрај другото, може да влијае на создавањето акни, појава на хиперпигментација при изложување на сонце и гастроинтестинални тегоби. Позитивните ефекти од прогестеронот на телото се: ги регулира течностите во ткивата, го регулира шеќерот во крвта, придонесува за здравје на уринарнот тракт, влијае на здравјето на нервниот систем и на мозочните функции, влијае на густината на коските, делува седативно и антидепресивно, а во бременост и аналгетски. Мастите ги претвора во енергија и го регулира производството на хормонот на штитната жлезда.

Негативните ефекти од прогестеронот се: појава на акни, хиперпигментација и гастроинтестинални проблеми.

Тестостерон

 

Иако овој хормон важи воглавно за мажите и женското тело исто така лачи тестостерон во помала мерка во јајчниците и во надбубрежната жлезда, а тој е нужен за редовна овулација и за добро либидо. Тестостеронот придонесува за телесната издржливост, цврстина на коските и повисоко ниво на енергија. Кога тој е во дибаланс кај жените тоа се гледа со зголемена влакнатост, посебно на лицето, перут и дебелеење. Недостигот на тестостерон доведува до пад на сексуалната желба и до лошо расположение.

А нус-појавите од вишокот од овој хормон се слични со оние кај зголемениот естроген, бидејќи тестостеронот се претвора во естроген кога е прекумерен.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина