Што се однесува до сексуалната дисфункција, или импотенцијата, пред дваесет години на пазарот стигна помошта за мажите, додека жените се уште се препуштени сами на себе во поглед на прашањето на губење на либидото. На почетокот, лекот се огласуваше како спас за машката импотенција и еректилната дисфункција, чиј прв јавен заговорник беше американскиот претседателски кандидат Боб Дол, кој јавно ги призна своите ,,машки,, проблеми.

 

Вијаграта, односно сиденафил-цитратот, е првенствено развиена со цел лекување на високиот крвен притисок и ангина пекторис. Преку клинички испитувања било утврдено дека има многу подбро влијание врз ерекцијата, која испитаниците ја постигнувале благодарение на подобриот доток на крв до машкиот полов орган. Денес вијаграта се користи и кај децата кај кои, на пример, имаат белодробна хипертензија. Ним им се дава вијагра за намалување на притисокот, бидејќи тој ги шири крвните артерии.

 

Проблеми и заблуди поврзани со Вијаграта

 

Ова се трите најчести заблуди поврзани со Вијаграта:

  1. Вијаграта, односно силденафилот, делува врз вазодилатацијата, не делува врз сексуалната желба. Значи, доколку некој има намалена сексуална желба, нема да му помогне. Исто така нема да му помогне ни на оној кој има предвремена ејакулација. Вијаграта помага само кај проблеми со ерекцијата.
  2. Втората грешка е што луѓето мислат дека таблетата ќе помогне во истиот миг кога ќе ја испијат. Не е така. На лекот му се потребни околу 45 до 60 минути за од устата да стигне до крвотокот и потоа до пенисот.
  3. Трета честа грешка е дека таблетата ќе делува сама по себе, без никаква стимулација. Потребна е стимулација, бидејќи Вијаграта делува само така. Постојат ситуации и кога таа не може да помогне. Ако некој има оштетени нерви, тогаш импулсот не може да се пренесе до пенисот, или ако има многу мала развиена периферна полиневропатија.

 

Што се случува со телото од минута во минута по земањето Вијагра?

 

Во првите 12 минути – Телото брзо ја апсорбира Вијаграта, а дел од мажите кои патат од еректилна дисфункција ќе ги почувствуваат првите ефекти т.е. ќе добијат ерекција во првите 12 минути по земање на таблетата. Тоа е добра вест.

 

Во 27 минута – Ако мажот не доживејал ерекција во првите 12 минути, тогаш може да ја постигне за половина час. Истражувањето покажало дека најголем број од мажите ја добиле 27 минути по земање на пилулата. Докторите предупредуваат дека доколкуи тогаш ништо не се случи, мажот мора да почека до еден час, бидејќи се уште постои можност да добие ерекција.

 

Во 57 минута –  Пилулата сега ја постига својата максимална концентрација во крвта и тоа е главната причина зошто им се препорачува на мажите да ја земат еден час пред да имаат полов однос.

 

По 4 часа – Сега веќе дозата од пилулата се намалила во телото за 50%, но тоа не значи дека не може да се постигне ерекција. Не е точно мислењето дека не може да се постигне ерекција по истекот на ова време.

 

По 10 часа – Во едно од спроведените истражувања, испитаниците можеле лесно да постигнат ерекција дури и 10 часа по земање на пилулата.

 

По 12 часа – Дури и 12 часа подоцна многу мажи можат да постигнат ерекција, но се намалува нејзиното времетраење, во просек на 16 минути.

 

По 24 часа – По 24 часа речиси сите траги од пилулата исчезнуваат од крвоткот, а со тоа и секоја помош за постигнување ерекција.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина