Напнатоста во мускулите, посебно во пределот на вратот и рамењата, е ,,болест,, на цивилизацијата која сите нас не погодува понекогаш. Но, кога напнатоста станува хронична и доведува до болка, погодениот има тешка непријатност и намалена му е секојдневната ефикасност.

 

Напнатоста во мускулите, која се однесува на мијалгија и миогелоза, се однесува на болната состојба во мускулатурата на вратот и рамењата во која муслулнит тонус постојано се зголемува поради претерано напрегање или еднострана положба. Напнатоста на мускулите може да се јавува и во други делови од телото, но тоа е реткост. За да ги одбегнат болките во мускулите, луѓето несвесно заземаат ослободувачка положба. Ова дополнително може да ја зголеми напнатоста во некои мускули, што доведува до маѓепсан круг.

 

Три мускули во одреден одговор на долгорочен стрес стануваат покуси: m. levator scapulae, m. trapezius и m. supraspinatus.

 

Напнатоста во мускулите на подигачот на лопатките може да ги иритира нервите на задниот дел од главата, што доведува до главоболки. Околу 40% од возрасните патат од главоболки одвреме-навреме.

 

Мускулите кои подолго време се напнати поради стрес или неправилно напрегање ја губат својата нормална еластичност и стануваат крути, а тоа предизвикува болки во нив.

 

Мијалгија

 

Мијалгија е болка во мускулите, што е симптом за многу болести и нарушувања. Најчести причини се претерана употреба или претерано истегнување на мускулите или на група мускули. Мијалгија без трауматска историја се јавува поради вирусна инфекција. Долгорочните мијалгии можат да бидат индикативни кај метаболичка миопатија, кај дефициенти во исхраната или кај синдром на хроничен замор.

 

Мигелоза

 

Мигелоза е болно ограничено стврднување во мсукулите. Постојат два вида на мигелоза: танка, долгнавеста и округла. Се смета дека причината за настанок на миогелоза е преоптоварување на мускулите, односно зголемен мускулен тонус. Миогелоза е наталожена млечна киселина во самиот мускул или непосредно околу него. Тие настануваат поради неможноста на крвната и лимфната циркулација таа млечна киселина да ја евакуираат од мускулите и да ја пратат на понатамошна преработка во црниот дроб. Резултатот од тоа се грутчиња, кои се болни на допир. Необично е што миогелозата се јавува исклучиво во пределот на рамениот обрач и кај меѓулопатичната регија, и никаде на друго место на телото.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина