Сложените јагленохидрати му се потребни на организмот за да може да внесе доволно хранливи материи и ,,гориво,, за елиминирање на заморот. Поради тоа тој копнее за јагленохидрати кога ќе дојде до познатото попладневно “паѓање на енергијата”.

 

Иако се препорачува да се одбегнуваат, нивното целосно елиминирање може да доведе до нагло паѓање на расположението и нивото на енергија, посебно доколку физичката активност е дел од секојдневието. Доволното консумирање може да обезбеди енергија и да го оддржи хормонскиот баланс, покрај рамнотежата која ја даваат протеините и здравите масти. Стручњаците препорачуваат дека во секојдневната исхрана треба да се вклучат здравите извори на јагленохидрати, кои се богати со влакна и витамини. Ако поради различни диети целосно ги елиминирате, постојат неколку знаци кои покажуваат дека организмот ,,плаче,, за нив.

 

 

Лошо варење

 

Кога премногу ќе ги елиминирате јагленохидратите, на организмот му недостасуваат важни извори на влакна во исхраната. Тука спаѓаат свежото овошје, мешунките и житарките од цело зрно. Влакната се од суштинска важност за доброто варење, контрола на шеќерот во крвта и холестеролот. Ако имате проблем со стомакот и варењето, размислете за зголеменото консумирање на здрави јагленохидрати богати со влакна.

 

 

Хроничен замор

 

Според зборовите на диетичарите од Орландо, ако немате доволно енергија и сила, најверојатно е потребно да го зголемите вносот на јагленохидрати. Тоа е главен извор на енергија за вашиот организам и тие први се трошат. Нивното елиминирање може да доведе до летаргија и исцрпеност.

 

 

Напади на глад

 

Еден добро избалансиран оброк подразбира јагленохидрати, протеини и здрави извори на масти. Балансираниот оброк помага да бидете сити и задоволни и да не бидете гладни меѓу оброците. Затоа е најдобро да се изеде ужина која е богата со јагленохдрати и протеини.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина