Кога навистина сакаме да ослабнеме, пред се се фокусираме на храната и на физичката активност, но нутриционистите истакнуваат дека повеќето од нас ги запоставуваат другите многу важни фактори, кои подоцна не чинат непостигнување на посакуваните резултати. Нутриционистите нагласуваат дека слабеењето е комплексен процес, бидејќи нема врска само со храната и вежбањето, и дека патот до витка линија не е само внесување помалку калории отколку што можеме да потрошиме. Се работи за тоа дека ги запоставуваме факторите кои се подеднакво важни за слабеењето, па затоа нема резултати. Факторите како што се хормоните, сонот, воспаленијата, лековите, неизразените емоции и гените влијаат врз тоа дали ќе ослабнеме или не. Имено, идеалната равенка за слабеење гласи: Промена на маснотиите во телото = храна + движење + хормони + спиење + вослапенија + лекови + неизразени емоции + гени.

 

Оваа одлична равенка треба да им помогне на луѓето да ослабнат и да имаат поголема контрола над процесот на слабеење.

 

Здрав сон

 

Недостигот на сон го зголемува чувството на глад и внесувањето храна, бидејќи јагненохидратите и маснотиите ја поттикнуваат работата на мозокот после недоволно имање сон. За да се спречи тоа, препораката гласи спиење минимално седум часа дневно.

 

Неизразени чувства

 

Ова е можеби најинтересната компонента од равенката за слабеење, бидејќи чувствата честопати ги игнорираме. Многу често тешките емоции се причината за наоѓање утеха во храната. Некои лоши емотивни искуства можат да предизвикаат прекумерна дебелина, а честопати можат да застанат на патот на успешното губење килограми.

 

 

 

Хормони

 

Многумина кај кои телесната тежина им се зголемува неочекувано веруваат дека тоа е поради хормонскиот дисбаланс, но нутриционистите објаснуваат дека тоа не мора секогаш да биде причината. Хромоните на штитната жлезда имаат важна улога во регулирањето на метаболизмот, но постојат и други хормони кои влијаат врз дебеелењето и слабеењето. Тука спаѓаат инсулинот, глукагонот, лептинот, грелинот, кортизолот, адреналинот и половите хормони естроген, прогестерон и тестостерон.

 

Се разбира, понекогаш на дебеењето влијае и генетскиот склоп или некои лекови кои моментално ги користиме. Во секој случај, пожелно е да се разгледаат овие фактори и да се регулираат пред започнување со нов режим на исхрана и секојдневни тренинзи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина