24 моќни смути напитоци за детоксикација и слабеење-2 дел
Смути од блитва и ананас
Состојки: круг ананас, поголем лист од блитва,1 јаболко, 1 лажичка чиа семе, 1 лажичка агава сируп, 1/2 чаша вода.
Бобинки ‘шприцер’
Состојки: 2 грста смрзнато шумско овошје, 6 – 8 јагоди, 2 лажички лимонов сок, 1 лажица јаворов сируп, минерална вода.
Подготовка: Овошјето добро се микса со лимоновиот сок и се додава шеќер. Добиената овошна смеса се процедува низ цедалка и на крај се додава минералната вода за добивање на посакуваната густина.
Егзотика во чаша
Состојки: 1/2 филџан смрзнати мешани бобинки, 1/2 филџан манго, 1/2 зрела банана, 1,5 дл. исцеден сок од портокал.
Смути од банана и чиа семе
Состојки: 1 банана, 1/2 филџан бадемово млеко, 1 лажичка чиа семе, 4 лешници, 4 бадеми.
Смути за рамен стомак
Состојки: 2 големи круши или јаболки, 2 дл. млеко, 125 гр. пробиотски јогурт, 1 лажица кокосово масло, 2 лажици ситни зобени снегулки, едно парче свеж ѓумбир, половина лажичка цимет, прстпфат сол, 1 лажичка мед.
Подготовка: Крушите или јаболките се лупат и се сечат на коцки. Ѓумбирот се ренда и потоа сите состојки се блендираат.
Витаминско освежување
Состојки: филџан спанаќ, 1 јаболко, 1 лажичка цимет, сок од лимон, 2 – 3 дл. вода.
Подготовка: Измиксајте ги сите состојки и испијте го свежо. Спанаќот е полн со витамини, минерали и влакна, а воедно е и нискокалорична намирница.
Волшебна аронија
Состојки: филџан млеко, 1 банана, грст свежи бобинки аронија, 2 лажички мелено ленено семе, 1 лажичка чиа семе, 1 лажичка гоџи бобинки.
Напиток од јагоди со јогурт
Состојки: филџан јагоди, 1 банана, половина филџан нискомастен јогурт или млеко, неколку коцки мраз, малку цимет.
Подготовка: Се измиксајте во блендер. Наместо јогурт можете да користите кефир.
Спортско смути
Состојки: 1 банана, 1 лажичка семки од тиква, 2 – 3 суви смокви (или неколку парченца суво грозје), 1 парче келераба и 1 морков.
Подготовка: Сите состојки измиксајте ги во блендер. Сувите смокви содржат витамини од Б-групата, како што се ниацин, пиридоксин, пантотенска и фолна киселина, кои учествуваат во метаболизмот на јагленохидратите, белковините и маснотиите. Тие се одличен извир и на минералите калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар.
Бобинките ја продолжуваат ситоста и го намалуваат апетитот
Најдобро е за смути напитоците да се користат сезонски намирници. Свежиот спанаќ е богат со бета – каротен и железо, a јагодите имаат голема количина на витамин Ц. Бананите се богати со калиум и магнезиум, додека ѓумбирот ќе го освежи секое смути, важен е за размена на материите и го олеснува и забрзува исфрлањето на токсините. Блитвата е богата со влакна за продолжување на чувството на ситост, а лимонот ќе даде киселост и ефикасно ќе го исчисти црниот дроб. Јагодите, малините, боровинките и другите бобинки се богати со витамини и минерали, додека се сиромашни со калории. Бобинките изобилуваат со влакна, поради што можат да го намалат апетитот и да го зголемат чувството на ситост.
Дали смути напитокот ќе стане оброк или меѓуоброк зависи и од дневните енергетски потреби. Може да биде и замена за оброк, иако не се препорачува со нео да се заменува ручекот, туку само појадокот и вечерата.