limon_1

На сите ни е позната традиционалната употреба на лимонот за ублажување на болките во грлото и подобрување на вкусот на одредена храна. Но, лимонот може да се користи и за многу други работи. Ви откриваме уште 20 начини за кои можете да го употребите стариот добар лимон

1 ) Го освежува фрижидерот

Го отстранува непријатниот мирис од фрижидерот со леснотија. Посипете сок ​​од лимон на памук или сунѓер и оставете го да отстои во фрижидер неколку часа. Извадете ги сите намирници со непријартен мирис од фрижидерот, за смрдеата повторно да не би се создала .

2 ) Висок крвен притисок

Лимонот содржи калиум, а тој го држи под контрола високиот крвен притисок и ги ублажува мачнините и вртоглавиците.

3 ) Спречува карфиолот да стане кафен

Карфиолот станува кафеав дури и по најкратко готвење. За да остане бел, пред да ја вклучите рерната, ставете една лажичка свежо исцеден сок од лимон во тавата.

4 ) Ментално здравје

Сокот од лимон може да ви го подобри и расположението и да ја ублажи депресијата и стресот. Луѓето кои многу шетаат и многу патуваат често јадат лимони. Кога и да почувствуваат замор, вшмукуваат цел лимон. Тој е многу брз лек и неверојатно е освежувачки.

5 ) Ја чисти даската за сечење

Не е ни чудо што даската за сечење има непријатен мирис, кога на неа сечете лук и кромид и подготвувате риба. За да се ​​ослободите од мирисот и да ја дезинфецирате даската за сечење, истријте ја со половина лимон или измијте ја со сок од лимон.

6 ) Проблеми со дишењето

Сокот од лимон може да ја намали количината на слуз и да ви помогне полесно да дишете, а им помага и на луѓето кои боледуваат од астма.

limon_2

7 ) Помага во спречување на настанување камења во бубрезите

Ако редовно пиете лимонов сок, ќе го зголемите производството на уринарниот цитрат, хемикалија во урината која го спречува формирањето на кристали, кои може да создадат камен во бубрезите.

8 ) Ги држи инсектите подалеку од вашата кујна

Не ви се потребни инсектициди ниту лепак за инсекти, за да ги држите инсектите надвор од вашата кујна. Потребен ви е само лимон. Прво исцедете малку лимон по прагот на вратите и рамките од прозорците. Потоа исцедете малку лимон во сите дупки и пукнатини низ кои можат да влезат инсектите. На крајот ставете парчиња од лимонова кора од надворешната страна на кујната. Мравките повеќе нема да влегуваат во кујната. Лимонот е исто така ефикасен и против некои други бубачки и против болви. Помешајте сок од 4 лимони и два литри вода и измијте го подот со оваа смеса.

9 ) Го забавува стареењето

Сокот од лимон го намалува производството на слободни радикали кои се одговорни за стареењето и оштетувањето на кожата. Сокот од лимон нема калории и делува како антиоксиданс.

10 ) Орална хигиена

Сокот од лимон го запира крварењето на непцата и ја ублажува болката на забите.

11 ) Ги осветлуваат пегите настанати заради стареењето на кожата

Не мора да купувате скапи креми – доволен ви е само сок од лимон. Нанесете сок од лимон директно на областа со пегите. Оставете го да отстои 15 минути, па потоа исплакнете ја кожата.

12 ) Ги осветлува прамените од косата

За посветли прамени како од фризерски салон, помешајте четвртина шолја лимон со три четвртини вода и исплакнете ја косата со оваа смеса. Потоа седете на сонце додека косата не ви се исуши. За да постигнете што подобар ефект, повторете ја постапката најмалку еднаш неделно.

13 ) Ги чисти и избелува ноктите

Средете ги ноктите без да одите на маникир во козметички салом. Исцедете половина лимон во една шолја топла вода и ставете ги прстите да отстојат во оваа смеса пет минути. Откако ќе ги отстраните кутикулите, истријте ги вашите нокти со коран од лимон.

limon_3

14 ) Го чисти лицето

Исцедете лимон директно врз вашите митесери за да се исушат во текот на денот. Може и да го измиете лицето со сок од лимон , па така на природен начин ќе ја исчистите кожата и местата каде што се перута. Вашата кожа би требало да изгледа видливо подобро , по неколку дена од третманот.

15 ) Го освежува здивот

Наједноставна смеса за испирање на устата е сок ​​од лимон. Протресете го лимоновиот сок во вашата уста и проголтајте, за здивот што подолго да ви остане свеж. Цитрусната киселина од сокот го зголемува pH нивото во устата и ги уништува бактериите кои предизвикуваат лош здив. Исплакнете по неколку минути, бидејќи долгата изложеност на киселини од лимонот може да ја оштети забната глеѓ.

16 ) Ги омекнува сувите и груби лактови

Ако сакате вашите лакти да бидат помеки и да не ве чешаат, помешајте сода бикарбона и лимонов сок за да направите абразивна паста, а потоа втријте ја на вашите лакти. После тоа , исплакнете и намачкајте маслиново масло на овие места.

17 ) Ги ублажува главоболките

Сокот од лимон со неколку лажички свеж чај е добар за оние кои страдаат од главоболки заради мамурлак, но и други видови на главоболки.

18 ) Вагинална хигиена

Многу разредениот сок од лимон е безбедна и добра метода за вагинална хигиена. Иако ова е моќен антисептик, не содржи иритирачки состојки.

19 ) Добар е за здравјето на дигестивниот систем

Проблемите со варењето се еден од најчестите видови на проблеми, но топлата вода и сокот од лимон се решение за повеќето дигестивни проблеми. Сокот од лимон помага за прочистување на крвта, ги намалува шансите за лошо варење и запек и помага да се елиминираат токсините од телото .

20 ) Ги дезинфицира исечениците и изгребаниците

Запрете го крварењето и дезинфицирајте ги помалите исеченици и изгребаници така што ќе капнете неколку капки од лимон директно на раната. Лимонот може да се нанесе и со памук кој ќе го држите на раната околу една минута.