Наместо да направите радикални промени во животот, направете повеќе помали промени, кои значително можат да помогнат во превенцијата на многу болести, но и да ви ги олеснат постоечките. Овде ви претставуваме 20 мали совети кои можат да ви го променат животот.

Јадете риба еднаш неделно

Доколку јадете по една порција риба неделно, можете да го намалите ризикот од ненадеен и фатален срцев удар. Тајната се наоѓа во омега 3 масните киселини, који ги има во изобилство во лососот и туната.

Чистете ги забите со сува четкичка за заби

Сувото четкање на забите го намалува создавањето на наслагите за 60% и ризикот од крварење на непцата за половина. Употребувајте мека, сува четкичка за заби.

Никогаш не прескокнувајте го појадокот

Едно истражување кое опфатило повеќе од 20.000 луѓе кои загубиле во просек 30 кг. И не се здебелиле потоа барем пет години, покажало дека 78% од нив појадувале секој ден.

Јадете повеќе тестенини

Две до четири порции сос од домати неделно може да го намали ризикот од рак на простатат за дури 34%.

Декорирајте ја чинијата

Една 14-годишна студија покажала дека мажите кои јадат овошје и зеленчук имаат 70% помал ризик да добијат рак на дигестивниот тракт.

Заштитете го сексуалниот живот со боровинки

Боровинките содржат состојки кои ја подобруваат циркулацијата и преполни се со растворливи влакна корисни за артериите. Јадете свежи или замрзнати боровинки барем три пати неделно.

Барајте чилеанско црно

За да го намалите ризикот од канцер, пијте црвено чилеанско вино. Во споредба со црвените француски вина, ова вио за 38% е побогато со флавоноиди, што значи дека поинтензивно се бори со слободните радикали во организмот.

Стомачни против болки во грбот

Дури 75% од проблемите во долниот дел на грбот може да се спречат со зајакнување на стомачните мускули. Затоа треба секојдневно да се прават.

Јадете пица со потенка кора

Пицата со тенка кора може да има за една третина помалку калории од онаа со подебела кора.

Прескокнете ја втората шолја кафе

Кофеинот од две шолји кафе ја забрзува работата на срцето за 16 отчукувања во минута.

Спасете го бракот

Несреќниот брак ги зголемува шансите за добивање на некоја хронична болест за 35% и го скратува траењето на животот за четири години.

Вежбањето ја убива депресијата

По 40-минутно вежбање стресот се повлекува. Студиите имаат покажано дека редовната физичка активност може подеднакво да биде ефикасна како и антидепресивите.

Спијте поубаво со вишни

Вишните и сокот од вишни е одличен борец против несоницата.

Ставете книга на перницата

Ако ставите некоја книга на перницата, можете да оцените дали вратот и главата имаат доволно поддршка од неа. Свиткајте ја на половина и преку неа ставете книга. Ако перницата веднаш се врати во првобитната положба, значи дека е доволно добра.

Поткренете го ретровизорот

За да не ве фати мрза за време на долгото возење во автомобилот поради кое чувствувате и болка во долниот дел од грбот, поткренете го малку ретровизорот, така што секојпат кога ќе погледнете во него, ќе морате да се поткревате. Грбот ќе ви биде благодарен.

Пијте витамин Е и аспирин секојдневно

Истражувачите откриле дека оваа комбинација на антиоксиданси и разретчувачи на крвта можат да го намалат артерискиот притисок за 80%. Ваквиот третман може да спречи настанок на артериосклерозата, а може дури и да го намали високото ниво на холестерол.

Јадете банани

Калиумот содржан во ова овошје го намалу крвниот притисок. Една банана на ден е се што ви е потребно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина