Во последниве неколку години, се повеќе се приложуваат докази за бескрајната количина на опасни состојки во диеталните и фитнес суплементи. Еве некои од соединенијата кои се наоѓаат во нив, а кои можат да имаат опасен исход на вашето здравје и да доведат до ризик да се оштетат повеќе органи, да се добие срцев удар, па дури и рак. Колку може да биде тежок овој ризик особено многу зависи од повеќе фактори, како што се постоечките болести, количината која е земена од одредениот суплемент и колку долго се консумирал истиот.

Повеќето од состојките кои се наведени овде исто така се докажани дека имаат потенцијал негативно да содејствуваат со одредени припишани лекови, како што се на пример оние за намалување на нивото на холестерол во крвта или лековите против згрутчување на крвта, како што се варфаринот и аспиринот.

Исто така, нутриционистите дошле до заклучок дека ниту една од овие состојки не е поволна по здравјето за да може да се оправда било кој ризик од нејзиното земање. И покрај сето ова, сите овие 15 состојки мноу лесно можете да ги најдете во намирниците кои веќе се продаваат онлајн и во големите супермаркети и продавници.

1. Аконит, (лат. имиња aconitum, radix aconite, aconite tuber, angustifolium). Се тврди дека помага кај намалување инфламации, болки во зглобовите и кај гихт. Ризикот од неговото консумирање е повраќање, гадење, парализа, слабост, белодробни и срцеви проблеми.

2. Кофеински прашок, уште познат и како 1,3,7-trimethylxantine. Го зголемува фокусот, ја подобрува физичката издржливост и помага во губењето на мастите. Ризиците вклучуваат напади, срцеви удари и срцева аритмија. Особено се има покажано опасен кога се комбинира со други стимуланси.

3. Чапарал, (лат. larrea tridentate, larrea divarcata). Помага во губењето на мастите, намалува инфламации, штити од настинки, се бори со инфекции, рак и осипи на кожата. Може да ги оштети црниот дроб и бубрезите.

4. Подбел, (лат. farfarae folium leaf), е познат по ублажување на кашлица, ларингитис, болки во грлото, астма и бронхитис. Може да го оштети црниот дроб и се верува дека предизвикува рак.

5. Пореч, (лат. symphytum officinale) е познат по што ублажува кашлица, цревни проблеми, болки во градите, менструални болки и помага во лекувањето на ракот. Може да го оштети црниот дроб и најверојатно е канцероген.

6. Дупчец, (лат. Chamaedrys, viscidum). Помага во губењето на мастите, лекува треска, гихт, артритис и проблеми со цревата. Може да го оштети црниот дроб и да доведе до хепатитис.

7. Змиско млеко, (лат. chelidonium majus, chelidonii herba). Познато е по тоа што помага во намалување на болки во стомакот. Може да го оштети црниот дроб.

8. Екстракт од зелен чај, (лат. camellia sinensis). Се употребува за губење на мастите. Негативните ефекти вклучуваат намалена апсорпција на железо, вртоглавица, зуење во ушите, состојба на глауком и анемија, зголемен број на срцеви отчукувања и крвен притисок и оштетувања на црниот дроб.

9. Кава, (лат. ava pepper, piper methysticum). Се користи за намалување анкциозност. Помага и во лекување на несоница. Може да го оштети црниот дроб, да доведе до депресија, развивање симптоми на Паркинсонова болест и намалување на способноста за управување со возило.

10. Лобелија, (лат. lobelia inflate). Ги ублажува проблемите со белите дробови и може да помогне за престанување со пушење. Може да предизвика повраќање, вртоглавица, дијареја, тресење, зголемени срцеви отчукувања, напади, хипотермија, па дури и кома.

11. Оксилофрин, познат уште и како 4-HMP, помага во губење на мастите, ги подобрува енеретските нивоа и физичката издржливост. Може да предизвика абнормалности во срцевиот ритам, срцев удар, а се има покажано како посебно опасен кога се комбинира со некои други стимуланси.

12. Барско нане, (лат. menthe pulegium, hedeoma pulegiodes). Помага во олеснување на проблеми со дишењето и цревни болести. Може да ги оштети бубрезите и црниот дроб, да ги оштети нервите и да доведе до конвулзии.

13. Црвеноквасен ориз, (лат. monascus purpureus). Го намалува лошиот холестерол (ЛДЛ) и се употребува за превенција на срцеви заболувања. Може да доведе до проблеми со бубрезите и мускулите, губење на косата, проблеми со црниот дроб, а исто така може и да го зголеми ефектот на статин лековите, кои се користат за намалување на нивото на холестерол.

14. Усниска киселина. Помага во губењето на мастите и намалување на болки. Може да го оштети црниот дроб.

15. Јохимбин, (лат. pausinystalia yohimbe, corynanthe yohimbe). Генерално се користи за лекување на намалено либидо и импотенција, депресија и кај вишок на килограми. Може да го зголеми крвниот притисок, да ги забрза срцевите отчукувања, да доведе до мигрени, напади, да ги оштети бубрезите, срцето и црниот дроб, и да доведе до вознемиреност и напади на паника.

 

Тагови: Суплементи
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина