Контролата над порциите оброци е неопходна за губење на дебелината. Сепак, доколку имате голем апетит, ќе ви биде многу тешко да ги контролирате тоа. Одредени видови храна, како што е протеинот од сурутка, лененото семе и црната чоколада, имаат природни потиснувачи и можат многу брзо да ве заситат. Додавањето на овие намирници во секојдневната исхрана ќе ви помогне да ги контролирате гладот и желбата за храна и ќе почнете помалку да јадете.

Кафе

Антиоксидансите во зрната кафе се борат со слободните радикали и помагаат во елиминирање на токсините. Истражувањата покажале дека умереното пиење на овој пијалок може да го забрза метаболизмот и да ги намали нападите на глад.

Бадеми

Богати со влакна и здрави масти, бадемите долго време ќе ве држат сити, бидејќи го намалуваат апетитот.

Ѓумбир

Коренот од ѓумбир се користел уште од древни времиња поради своите вчудивидувачки здравствени благодети. Тој го подобрува варењето, ја намалува надуеноста и го забрзува метаболизмот.
Кајен пипер

Кајен пиперот е познат по забрзувањето на метаболизмот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои додаваат кајен пипер во своите оброци јадат помалку во текот на денот.
Авокадо

Авокадото е одличен извор на здрави мононезаситени масти и диетални влакна. Ова овошје го потиснува апетитот и има одлично поволно влијание врз кардиоваскуларниот систем. Мастите во него испраќаат сигнали до мозокот дека организмот е сит, со што се намалува гладот.

Јаболка

Ова вкусно овошје содржи пектин и растворливи влакна, кои ја зголемуваат ситоста.  Исто така, ја зголемуваат енергијата и помага во стабилизирање на нивоата на шеќер во крвта. А, бидејќи бараат долго време да се џвакаат, многу брзо ќе се почувствувате сити.
Јајца

Оние кои јадат по едно до две јајца за појадок се чувствуваат посито во текот на денот од оние кои ќе изедат ѓеврек со иста содржина на калории. Исто така, тие внесуваат и по 330 калории помалку од другите. Тоа е затоа што јајцата се богати со протеини, а тоа помага да се потисне апетитот.
Вода

Пиењето на една до две чаши вода пред секој оброк ќе ви го намали апетитот и ќе ви помогне во намалувањето на килограмите, а освен тоа ќе внесете и 90 калории помалку при јадењето.
Темна чоколада

Темната чоколада има вкусен горчлив вкус кој го убива гладот и желбата за јадење. Таа исто така содржи стеаринска киселина, природна компонента која помага за бавно варење на храната, со што подолго време ќе се чувствувате сити.

Ленено семе

Лененото семе е уникатна мешавина од есенцијални масти и диетални влакна. Содржи исто така и протеини, витамини и минерали, кои помагаат за одржување на оптималното здравје. Поради високата содржина на влакна, долго време дава чувство на ситост.
Протеин од сурутка

Протеинот од сурутка е лесно сварлив и затоа е ефикасен во потиснувањето на апетитот. Од него ќе се чувствувате сити, а во истовреме делува и на растот на мускулите и помага за брзо закрепнување по повреди од вежбање. Луѓето кои пијат шејкови од протеин од сурутка јадат помалку во текот на денот и имаат повеќе енергија.
Сок од зеленчуци

Овој сок е одличен, посебно ако се пие пред оброците. Така се внесуваат дури 135 калории помалку.
Лисјести зелени зеленчуци

Овие зеленчуци се богати со влакна, витамини и минерали. Одлично можат да ги заменат скробот и житото во исхраната, а имаат само неколку калории. Спанаќот, кељот и другите лисјести зеленчуци ќе ве држат сити со часови, а гладот подалеку од вас.

Тагови: апетит
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина