Оваа листа ќе ви помогне да станете за кратко време фит, но и да останете здрави. Ставете ја на некое место и кога нема да имате воља за физичка активност, доволно е само да ја погледнете. Еве кои се причините:

1. Спречување болести
Докажано е дека телесното вежбање го намалува ризикот од речиси сите проблеми поврзани со здравјето и здравствената состојба – од мозочен удар до остеопороза. Вежбањето е, исто така, одлична одбрана од дијабетес тип 2, кој е еден од најраспространетите болести на денешницата.

2. Добар изглед
Вежбањето го јакне нашето тело, го подобрува држењето на телото, и ја прави нашата кожа посјајна. Одличниот изглед е совршен показател за редовно вежбање.

3. Губење телесна тежина и постигнување топ форма
Вежбањето согорува многу маснотии и ги спречува да се складираат. Доколку сакате да имате витко и здраво тело, тогаш одговор и решение на тоа е вежбањето.

4. Повеќе енергија
Секој кој вежба редовно, ќе ви каже дека има вишок на енергија, дека не е раздразлив и дека чувствува смиреност.

5. Подобар сон
Вежбањето го зголемува нивото на енергија, но во исто време и ја троши. Во текот на денот ќе се чувствувате поживи, а навечер ќе имате подобар сон.

6. Го забавува стареењето
Вежбањето е еден од најефикасните методи за борба против стареењето. Со стареењето нашето тело ја губи мускулната маса и густината на коските, но со редовното вежбање губењето на истите драстично се намалува. Со вежбањето, исто така, се намалува ризикот од воспаленија.

7. Проблеми со рбетот
Во најголем дел од случаите, лесното вежбање е најдоброто решение за оние кои имаат проблеми со рбетот. Најдобро е во врска со тоа да се посоветувате со вашиот доктор или физиотерапевт.

8. Помага во одбегнувањето на депресијата
Докажано е дека вежбањето ја намалува депресијата подеднакво ефикасно како и лековите, што е уште еден бенефит од вежбањето.

9. Намалување на болките
Со редовното вежбање и зајакнување на мускулите околу повредените зглобови, можат да се ублажат болките во нив и да се намали општата болка. Секогаш посоветувајте се со доктор пред да започнете со какво било вежбање. Ова посебно се однесува ако се работи за хронични состојби.

10. Ментална стабилност
Докажано е дека вежбањето ја подобрува меморијата и останатите когнитивни функции, но е и долична алатка во борбата против деменцијата. Истражувачите на Харвард тоа го нарекуваат „Miracle-Gro for the brain“ (Природен раст на мозокот).

11. Уживање во нашиот животен стил
Што и да сакате во својот живот – деца, патување, спорт, мода – сето тоа е позабавно да се доживее доколку се има фит и здраво тело. Вежбајте за да можете да ги искусите и да уживате во убавините кои ги нуди животот.

12. Ги намалува деновите при боледување
Оние кои вежбаат редовно, минуваат дури за 50% помалку време на боледување, односно двојно помалку се болни. Редовните вежбања ја намалуваат можноста за настинка и респираторни инфекции.

13. Подигање на самодовербата
Да се биде фит, да се чувствуваш здраво и енергично, сите тие се фактори кои влијаат врз самодовербата. Нема подобар начин за зголемување на својата самодоверба од редовното придржување до тренинг  програма.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина