Адам Гилберт е двигател на онлајн програмата која им помага на луѓето кои имаат проблеми со истрајноста при држење диета и вежбање, мотивирајќи ги да се потрудат во желбата да ослабнат и да направат се што е потребно за тоа и да го остварат. Тој веќе 10 години ги учи луѓето да развиваат здрави начини на однесување и вежбање. Посебно се занимавал со психолошките причини поради кои луѓето не вежбаат онолку колку знаат дека би требало ако сакаат да ослабнат.

Ова се неговите 12 совети, за кои вели дека многу им помогнале на неговите клиенти:

Почнете со малку

Вежбите треба да се подносливи. Кога почнувате со вежбање, немојте да се префорсирате. Десет минути вежби кои навистина ќе ги направите, се подобри од ,,совршено,, вежбање кое ќе го одбегнете.

Држете се до правилото “10 минути”

Најтешко е да се почне, па затоа почнете со вежбање од ,,10 минути,,. Ако тоа вие доволно и сакате да престанете, можете. Меѓутоа, луѓето обично тогаш се чувствуваат добро, па често продолжуваат.

Поврзете ги вежбите со нешто омилено

Оставете ја омилената музика да ја слушате додека вежбате, или планирајте да вежбате со некоја омилена емисија или серија/филм.

Тушот  како награда

Се туширате секој ден, па тогаш и вежбајте секој ден. Туширањето делува ефикасно на телото по вежбањето.

Немојте да се префорсирате

Престанете со вежбањето пред целосно да се исцрпите. Дури и ако уживате во вежбата, престанете додека се чувствувате добро.

Не го прескокнувајте понеделникот

Вежбањето во понеделник го одредува ритамот на вежбање во текот на целата недела. Ако го прескокнувате понеделникот, тогаш многу полесно ќе најдете изговор да ги прескокнувате некои од следните денови.

 

 

Забавувајте се

Многумина доаѓаат во теретана со прашањето “Што треба да правам?”, наместо да размислуваат на начин “Што би сакал да правам?”

Најдобрата диета и вежби се оние до кои се придржуваме. Пробајте повеќе нешта, истражете што најмногу ви се допаѓа, па најдете го она кое најмногу ви одговара: прошетка, трчање, велосипедизам, јога, пилатес, боречки вештини…

Почитувајте го своето време

Ускладете ги своите вежби со останатите обврски и трудете се да му одолеете на искушението во тоа време да правите било што друго.

Правете нешто

Ако ви се укаже некое непланирано слободно време, трудете се да го одбегнувате губењето на времето на Фејсбук или на Инстаграм. Едноставно, седите и не правите ништо. Кога ќе се доведете самите до избор да не правите ништо или да вежбате, вежбањето воглавно победува.
 

Идентификувајте го проблемот

 

Ако се плашите или се чувствувате непријатно поради нешто додека вежбате, пробајте да одите во теретана кога е најмалку посетена. Неколку тренинзи со персонален тренинг ќе ви помогне да се ослободите од стравот.

Држете се до правилото “еден ден”

Можете да прескокнете еден ден од вежбањето, но никако немојте два дена еден по друг. Секоја поголема пауза го отежнува враќањето во ритамот на вежбање.

Вежбајте за да се релаксирате

Осумдесет посто од слабеењето е диета, односно што, зошто и како јадете. Некои луѓе месеци минуваат во теретана, а имаат минимален ефект.
Мислете за вежбањето како за најсигурен начин за да се ослободите од стресот и да се релаксирате. Вежбањето е многу важно за здравјето, енергијата, подвижноста и среќата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина