За разлика од вештачките супстанции, природните намирници кои не заситуваат немаат последици. Напротив, тие ги обезбедуваат потребните витамини, минерали и други хранливи материи. Ако страдате од чести ,,напади,, на глад, само вклучете го во својата дневна исхрана некои од овие намирници и природно ќе го намалите апетитот.

Авокадо
За да го контролираме јадењето на грицки меѓу оброците, како додаток пред ручекот треба да изедеме половина авокадо. Научниците во едно истражувањеоткриле дека авокадото може да ја намали желбата за храна на неколку часа по оброкот. Здравите незаситени масти во ова овошје се добри за срцето, а сложените јагленохидрати помагаат да се одржува нивото на шеќер во крвта.

Јаболки
Освен што се полни со витамини, јаболките се одличен извор на пектин и влакна. Хранливите влакна ќе ве држат сити подолго време, поради што јаболкото е природно средство за убивање на апетиот и пожелно е да се консумира секојдневно.

Соја
Сојата не е само здрав извор на протеини. Сојата исто така помага во намалување на апетиот. Со додавањето на соја во оброците се намалува желбата за посегнување по грицки меѓу оброците. Веќе по само мала количина соја ќе имате чувство дека ,,стомакот ви е полн,,.

Овесна каша
Богата со сложени јагленохидрати, овесната каша ќе ве држи сити неколку часа. Здравите јагленохидрати во кашата побавно се варат, што го забавува ослободувањето на хормонот за глад.

Кафе

Иако од повеќе филџани кафе можете да станете нервозни и радразливи, умерената количина кафе го забрзува метаболизмот и го потиснува апетитот. Тајната е во кофеинот и антиоксидансите. Само немојте да ги расипите добрите ефекти со премногу шеќер и шлаг!

Ѓумбир

Со векови многу култури го користеле коренот од ѓумбирот за добро варење. Ѓумбирот делува како стимуланс кој му дава енергија на телото и го поттикнува варењето.

Јајца

Истражувањата покажале дека едно до две јајца за појадок помагаат да се чувствуваме сити за 24 часа повеќе отколку да изедеме пециво со иста количина на калории. Докажано е и дека оние кои јадат јајца консумираат 330 калории помалку во текот на денот од оние кои денот го започнуваат со некое пециво.

Вода

Науката тврди дека ќе го скротите апетитот ако испиете една или две чаши вода! Докажано е научно дека оние кои пијат по две чаши вода пред оброците јадат помеѓу 75 и 90 помалку калории од оние кои не го прават тоа.

Зелен чај

Ако не сте љубител на кафето, обидете се со шолја врел зелен чај. Овој чај ќе ви помогне да ја спречите потребата од грицкање, а нутриционистите тврдат дека катехините во зелениот чај го инхибираат претворањето на гликозата во масни клетки, што го забавува растот на нивото на шеќер во крвта. А кога е нивото на шеќер во крвта стабилно, стабилен е и гладот!

Црна чоколада

Темната чоколада помага во намалување на гладот, бидејќи горчливиот вкус во неа му сигнализира на телото да го намали апетитот.

Цимет

Ставете малку цимет на овесните снегулки, салатата или кафето, бидејќи овој зачин помага да се намали нивото на шеќер во крвта, што помага да се контролира апетитот.

Салата

Ако сакате да го задржите гладот под контрола, јадете малку салата пред оброците. Малата порција е доволна за мозокот да прими сигнал дека сте ги примиле потребните калории. Со оглед на тоа дека се потребни околу 15 минути за желудникот да испрати сигнал до мозокот дека сте полни, тогаш време е да почнете со мали салати пред оброците.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина