Прашања за креатинот се поставуваат уште од 1832 година, кога францускиот хемичар Мишел Шеврол ја открил оваа киселина во скелетните мускули. Сто и шеесет години подоцна, во 1992 година, креатинот се појавил во продавниците за суплементи. Од тој миг, поставни се бројни прашања за креатинот. Ги поставувале родители и бодибилдери жедни за најразлични одговори поврзани со полезноста и опасностите од употребата на креатинот.

Тренерот Ник Туминело, автор на бројни извештаи за креатинот, со одговарање на најчестите прашања се обидува да ги отстрани нејаснотиите.

1. ШТО Е ТОА КРЕАТИН?

Креатинот е азотна, органска киселина изведена од аминоиселините на глицинот, аргининот и метионинот. Скелетните мускули содржат околу 95% креатин, додека остатокот се наоѓа во срцето, мозокот и тестисите.

2. КАКО ДЕЛУВА КРЕАТИНОТ?

Според мислењето на стручњаците, креатинот овозможува долг и поголем опсег на тренинг. Тоа е киселината која ни овозможува да направиме уште едно повторување на вежбата. Суплементацијата може да доведе до зголемување на количините на залихите на креатин во организмот за околу 10 – 40%.

3. КОЈ ТРЕБА ДА КОРИСТИ КРЕАТИН?

Кажано едноставно, секој оној кој сака да ги зголеми мускулната маса и силата. До денес, креатинот се има покажано како убедливо најефикасен суплементи при зголемување на мускулната маса.

4. ДАЛИ СО КОРИСТЕЊЕ НА КРЕАТИН СЕ ЗГОЛЕМУВА МУСКУЛНАТА МАСА?

Да. Истражувањата покажуваат дека креатинот ја зголемува мускулната маса, но исот така и издржливоста и силата во текот на тренингот.

5. ДАЛИ КРЕАТИНОТ МОЖЕ ДА НИ ПОМОГНЕ ДА СЕ СПАСИМЕ ОД МАСНИТ НАСЛАГИ?

Да. Креатинот помага за развивање на метаболичко активно мускулно ткиво, што го вбројува во редот на посредни согорувачи на мастите. Едноставно, колку повеќе мускули имаме, толку ќе работиме потешко и со самото тоа ќе согоруваме повеќе калории. Креатинот овозможува и регулирање на целокупниот метаболизам, благодарение на неговите хидрирачки својства.

6. ВО КОЛКАВИ ДОЗИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМА КРЕАТИНОТ?

Најдобро ќе ја оддржите својата физичка состојба ако земате околу 3-6 грама креатин дневно.

7. ДАЛИ ПОСТОИ МОЖНОСТ ДА ГИ ЗАБРЗАМЕ ПОВОЛНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЗЕМАЊЕТО КРЕАТИН?

Ако сакате брзо да дојдет едо резултати, земајте 10-20 грама, 7-14 дена. Откако првите резултати ќе станат видливи по оваа фаза, вратете се на претходно наведената, умерена дневна доза.

8. ДАЛИ ЗЕМАЊЕТО КРЕАТИН МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВОДА ВО ОРГАНИЗМОТ?

Креатинот им овозможува на клетките да ја задржуваат водата, што е добро за самиот изглед, но тоа доведува и до зголемување на телесната тежина. Поради тоа, сите оние кои се занимаваат со боречки вештини или други спортови неопходно е да прават пауза одвреме-навреме со земањето креатин, со цел да може водата да се исфрли од организмот и да се намали телесната тежина.

9. ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ЗЕМА КРЕАТИН?

Според мислењето на водечките стручњаци, не постојат никакви штетни дејства до кои може да дојде од користењето креатин. Информацијата дека користњето креатин може да предизвика слабеење на бубрезите или дехидратација се само митови кои никако не можат да се базираат на науката.

10. ДАЛИ КРЕАТИНОТ ПРЕДИЗВИКУВА ГРЧВИ?

Не. Напротив, истражувањата имаат покажано дека спортистите кои користат креатин всушност имаат многу помали проблеми со грчевите и со повредите воопшто.

11. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ТИНЕЈЏЕРИТЕ?

Истражувањата имаат покажано дека креатинот е и тоа како безбеден и исклучително корисен кога зборуваме за развивање на силата кај тинејџерите кои се занимаваат со спорт.

12. ДАЛИ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ЖЕНИТЕ?

Да! Оние жеи кои сакат да станат посилни и да изгледаат подобро, можат безбедно да го користат креатинот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина