Додека некои видови болки се само несреќен резултат од нерамнотежа на физичкото поле, важно е да се има на ум дека другите облици на непријатност првенствено се поврзани со вашата емоционална состојба. Неодамнешните истражувања покажуваат дека одредени видови психолошки стрес можат да поттикнат или привремен воспалителен процес или долготрајно воспаление.

Следниве 12 типови на болки ја откриваат моменталната емоционална состојба во која се наоѓате.

1. Болка во горниот дел од грбот

Недостигот на соодветна емоционална поддршка често се изразува како болка во горниот дел од грбот. Понекогаш таа непријатност е предизвикана од чувството на несаканост. Ако чувствувате недостиг на поддршка затоа што сте осамени, побарајте нови начини за поврзување со луѓето.

2. Болка во главата

Зачестените главоболки се честопати знак дека сте преплавени од нешто што ви се случува во животот. Според тоа, едно од најдобрите решенија е опуштањето. Обидете се да медитирате, направете си топла бања или едноставно останете во лежечка положба извесно време.

3. Болка во вратот

Истражувањата покажуваат дека хроничната болка во вратот понекогаш ја поттикнува невозможноста за простување некому за нешто од минатото.

4. Болка во рамењата

Болката во рамењата честопати доаѓа поради носење тежок емоционален товар. Можеби премногу преземате од другите луѓе или можеби ги држите во себе сите свои проблеми. Размислете како можете да го олесните тој товар. Дали можете да разговарате со некого за тоа и да ја споделите со него вашата претерана одговорност?

5. Болка во листовите

Кога чувствувате болка во листовите, причината за тоа може да биде лутината или замерувањето. Ако минувате многу време фокусирајќи се на она кое го имаат другите, сетете се дека тоа ве ускладува со вибрацијата на недостатоци.

6. Болка во лактите

Кога чувствувате болка во лактите, можеби активно се спротивставувате на новите промени кои ви доаѓаат во животот. Дали минувате низ период на трансформација и дали го доживувате тој процес како нешто застрашувачко?
7. Болка во долниот дел од грбот

За чудо, постојат некои докази дека хроничната болка во долниот дел од грбот може да се појави поради потешкотии предизвикани од финансиската ситуација.

Ако ова звучи смислено, размислете за тоа како можете да привлечете поголема поддршка.

8. Болка во стапалата

Нозете се поврзани со расположението, така што болните нозе можат да укажуваат на депресивност и негативност. Обидете се да сфатите зошто се чувствувате на овој начин и дали можеби ги впивате туѓите негативности.

9. Болка во колената

Студиите за болките во коленото покажуваат дека таа може да биде поврзана со низа различни емоционални проблеми, така што не морате да копате подлабоко за да сфатите што навистина се случува во вашата потсвест.

10.Болка во рацете

Кога ќе земете предвид дека рацете ги користите за да поправите предмети, да се поврзете со другите и да го доживеете светот, не е чудно што болката во рацете е поврзана со осаменоста и изолацијата.

11. Болка во колковите

Болката во колковите се појавува кога се плашите да се движите на некој начин, а често поради нерешителност. Дали можеби се наоѓате помеѓу два пата (или повеќе) и тешко ви е да сфатите кој да го одберете?

12. Болки во глуждовите

Глуждовите може да почнат да болат кога не сте соодветно љубезни кон себе. Кога последен пат сте се впуштиле во нешто во кое вистински сте уживале? Затоа одделете време за омиленото хоби или едноставно само опуштете се.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина