Краставиците се една од најдобрите намирници за општото здравје и обично за нив се зборува како за супер храна. Затоа, во иднина не излегувајте од продавница без нив. Во себе ги содржат во најголем дел секојдневните потреби за витамини. Една краставица има витамини Б1, б2, Б3, Б6, фолна киселина (Б9), Ц, и минерали, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и цинк. Ако почувствувате попладневен замор, оставете ги енергетските пијалоци и земете краставица. Богатството од јагленохидрати во нив брзо ќе ве подигне и тоа ќе трае со часови.

Еве кои се 10 најважни причини поради кои краставиците треба речиси секојдневно да се наоѓаат на вашата трпеза.

1) Краставицата хидрира

Ако не пиете доволно вода, јадете краставици, бидејќи 90% од нивниот состав е вода.

2) Краставицата ги олеснува проблемите со зголемена желудочна киселина

Краставицата дефинитивно ќе ви помогне да ги ублажите овие симптоми, а доколку сте изгореле на сонце, ставете ја на болните места.

3) Краставицата ги елиминиа токсините од организмот

Водата која се наоѓа во краставицата го прочистува организмот и ги исфрла отпадните производи од него. Ако ја јадете редовно, таа може да ги раствори камењата во бубрезите.

4)Заборавете на гумите за џвакање
  1. Краставицата многу подобро од ќе ви ја освежи устата од гума за џвакање, а притоа и ќе ги залечи постоечките ранички во неа. Ако ставите парче краставица на непцето и го држите половина минута, фитохемикалиите од неа ќе ги убијат сите бактерии одговорни за непријатниот здив.
5) Краставицата е полна со витамини

Краставицата содржи многу витамини кои му се потребни секојдневно на телото. А, Б и Ц го подобруваат имунолошкиот систем и ја одржуваат енергијата. Измешајте краставица со спанаќ и морков за да добиете подобар ефект. Немојте да заборавите дека краставицата е поздрава ако се јаде заедно со кората, бидејќи таа содржи поголеми количини на витамин Ц.

6) Краставицата и ги обебедува на кожата неопходните минерали

Краставицата е богата со калиум, магнезиум и силициум. Затоа спа центрите задолжително имаат во своите понуди третмани со краставица.

7) Помага во варењето на храната и во слабеењето

Поради големата содржина на вода и ниската калоричност, краставицата е совршена за оние кои сакаат да ослабнат. Користете ја во супи и во салати. Ако не сакате да јадете само краставица, измешајте ја со јогурт и сигурно ќе ви биде поподнослива за јадење. Џвакањето на краставица ја јакне вилицата, додека влакната во неа го потпомагаат варењето на храната. Краставицата може да ги реши проблемите со опстипација.

8) Ги закрепнува очите

Парче студена краставица на отечени очи навистина помага да се отстранат подочниците и надуеноста, бидејќи делува одлично против воспаленија.

9) Се бори против ракот

Краставицата содржи секоиизоларицирезинол, ларицирезинол и пунорезинол. Овие три лигнани го намалуваат ризикот од заболување од некои видови рак, вклучувајќи ги ракот на матката, дојките, простата и јајниците.

10) Помага кај дијабетес, холестеролот и крвен притисок

Сокот од краставица содржи хормон кој им е потребен на клетките на панкреасот за да произведуваат инсулин. Истражувањата покажале дека соединението наречено стирол може да го намали нивото на холестерол. Краставицата содржи, како што кажавме претходно, големи количини на влакна, калиум и магнезиум. Овие хранливи материи добро го регулираат крвниот притисок. Затоа краставицата е одлична за регулирање на нискиот и високиот притисок.

11) Краставица за сјајна коса и јаки нокти

Чудесниот минерал силициум-диоксид кој се наоѓа во краставицата ги прави косата и ноктите посјајни и појаки. Во комбинација со сулфурот, кој исто така се наоѓа во неа, силициум-диоксидот го потпомага и растот на косата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина