cokolada_naslovna

Сите знаеме колку е вкусна, но дали знаевте дека црната чоколада е и здрава всушност? При одбирање на чоколада, одберете ја онаа со 70 % какао маса, без додатоци на други растителни масти, и онаа со арома на кора од портокал, а не за карамела и нугат. Ваквиот избор на вкусови ќе ви овозможи уживање, но и искористување на здравите состојки од чоколадото. Еве 11 причини зошто можете без грижа на совест да уживате во оваа слатка закуска.

  1. Чоколадата ви помага да се опуштите

Едно швајцарско истражување утврдило дека оној кој јаде 40 грама темно чоколадо дневно значително ја намалува количината на хормонот на стрес кортизол во своето тело.

  1. Чоколадото ја подобрува концентрацијата

Многу темната чоколада предизвикува зголемување на протокот на крв до одредени делови на мозокот и ја зголемува будноста.

  1. Чоколадото помага во борбата против ракот

Големите количини на антиокдинасот полифенол, кои се наоѓаат во темната чоколада, ја намалуваат штетата која ја прават слободните радикали во организмот. Биохемичарите од London’s King’s College утврдиле дека 17 чаши природен сок од портокал имаат ист ефект врз слободните радикали како и 50 грама темно чоколадо.

  1. Чоколадата дејствува како лек против кашлицата

Црната чоколада е богата со теобромином кој ја спречува кашлицата.

  1. Чоколадата помага во спречување на болестите на срцето

Деветгодишна швајцарска студија, која во испитувањето вклучила 31 000 жени кои јаделе една до две порции темно чоколадо неделно, утврдиле дека тие со оваа своја навика го намалиле ризикот од кардиоваскуларните болести. Заради антивоспалителните својства, како и фактот што содржи голем удел на флавоноиди и служи како силен антиоксиданс, темната чоколада го намалува ризикот од срцевите болести.

temnacokolada_1

  1. Темната чоколада ќе ве спаси од разните грицки

Да, навистина! Бидејќи темната чоколада е многу богата со влакна, ќе направи помалку да ја посакувате масната и калорична храна.

  1. Чоколадото ве штити од сонцето

Во истражувањата спроведени во Лондон биле вклучени луѓе кои во период од три месеци консумирале чоколадо со висока концентрација на флавоноиди. На сонце, нивната кожа била два пати поотпорна на појавата на црвенило на кожата. Чоколадата секако не претставува замена на кремите за сончање, но помага во тоа кожата побавно да поцрвени.

  1. Консумацијата на кочоладо помага во спречувањето на појавата на дијабетис

Азот оксидот, кој го помага контролирањето на чувствителноста на инсулин, се содржи во флавоноидите во чоколадото, што значи дека редовната конумација на темното чоколадо може да ја намали појавата на инсулинска резистенција за 50 проценти.

  1. Чоколадата го подигнува расположението

Чоколадата го зголемува нивото на сератонин, хормонот на среќа во крвта, па паузата со една коцка чоколадо ќе ве направи посреќни.

  1. Чоколадата го подобрува протокот на крвта

Темната чоколада поседува состојки кои ја помагаат циркулацијата, го подобруваат протокот на крв, изгледот на кожата и влијаат на намалувањето на појавата на целулит.

  1. Црната чоколада го поправа вашиот вид

Истражувањето спроведено на Универзитетот Reading сугерира дека темната чоколада го зголемува протокот на крв на мрежницата, што придонесува за појасен вид.