Просо, зелена салата? Здрави намирници кои сепак треба да се одбегнуваат доколку се има проблем со забавена работа на штитната жлезда. Еве која храна им одговара на оние кои имаат проблеми со оваа жлезда.

Штитната жлезда влијае на работењето на сите други органи во телото. Затоа, многу е важно да се одржува во форма. Но, сведоци сме на тоа дека многу луѓе, посебно жените, имаат проблеми со оваа жлезда. Најчести болести на штитната жлезда се хипертиреозата – забрзана работа на оваа жлезда, кога таа произведува премногу хормони, и хипотиреозата, или забавена работа на оваа жлезда, која таа произведува премалку хормони. И кај двете состојби треба да се одбегнува одреден вид храна, бидејќи таа може да делува на производството на хормони на оваа жлезда. Најдобро е во врска со исхраната и кај двете нарушувања прво да се изврши консултација со доктор за тоа што треба, а што не треба да се јаде. Но, работата на жлездата може да биде нарушена од разни други причини.

1. Не му дозволувајте на стресот да ве контролира

Стресот не е добар за никого и во никаков облик. Дури и само малку стрес е доволно за да предизвика некаква болест или да доведе до депресија.

2. Научете да се носите со стресот.

 Применувајте  јога, медитација, променете го  на начинот на живот и исхраната, со цел да одбегнете да бидете жртва на тоа

3. Не игнорирајте ја посетата на доктор

Оние кои страдаат од штитната жлезда, треба да прават анализа на крвта барем на секои 6 месеци, додека препорака од докторите е тоа да биде н 3 – 4 месеци.

4. Покажете му ги резултатите на докторот и послушајте ги советите.

Никако немојте сами да преземате иницијатива.

5. Неземање редовно на терапијата

Им се советува на овие болни редовно да ја земаат препишаната терапија, освен ако не советувал поинаку докторот, со цел да не дојде до загрозување на здравјето.

6.Пијте ги лековите на празен желудник, барем 30 минути пред јадење и никако немојте да ги пиете со чај, кафе или да ги земате со било што друго освен со вода или на суво.

7. Консумирање сиров зеленчук

Сировиот зеленчук, како што се зелката, брокулата, карфиолот и слично, не се добри за луѓето кои страдаат од штитната жлезда. Овие зеленчуци во себе го содржат соединението глукозинолат, кој ја попречува синтезата на штитната жлезда.

8. Пушење

Никотин не делува добро на штитната жлезда и неговото внесување во организмот во било каков облик може да доведе до сериозни заболувања.

9. Консумирање големи количини соја

Иако производите од соја не се нездрави, препорачливо е ооние кои патат од штитната жлезада да се консултираат со својот доктор пред да се одлучат за овие производи, бидејќи можат да влијаат на жлездата.

10. Споредување на било кој друг симптом со штитната жлезда

Било какви други симптоми да имате, болки, губење на тежината и слично, нема никаква врска со штитната жлезда. Секогаш обратете се на доктор за било кој проблем.

11. Земање било какви лекови без советување со доктор

Пациентите кои боледуваат од некоја болест или нарушување, треба да се консултираат со доктор пред да земат лекарства на своја рака.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина