Иако ги имаме преземемо од нашите мајки, баби или пријателки, начините на подготовка на јадењата можат да бидат погрешни и да бидат причина за појава на многу болести. Развојот на бактериите се случува неретко, а еве како да ги спречите да ги внесете во организмот. Од миење до сечење! Овие грешки во никој случај не смеете да ги правите.

1. Сирово и технички обработено месо во одделни садови
За подготовка на сирово, варено или печено месо секогаш треба да се употребуваат различни чинии или садови. Причината за тоа е што бактериите од сировото месо можат да преминат на обработеното. Истото важи и за моските плодови или за живината.

2. Одмрзнување месо на кујнската работна површина
Со оглед на тоа што бактериите многу брзо се размножуваат на собна температура, месото во никој случај не смеете да го одмрзнувате на кујнските работни површини. Најдобра начин за одмрзнување на оваа намирница е во фрижидер, ставена во сад со студена вода или во микробранова печка.

3. Миење месо

Спротивно на логиката, миењето месо во кујнскиот садопер не ни малку хигиенски. На тој начин бактериите можат да се прошират на садоперот и на околните кујнски површини.

4. Ладење на храната пред нејзиното ставање во фрижидер
Многумина се убедени дека храната треба да се олади пред да се стави во фрижидер. Меѓутоа, оставањето топла храна на собна температура всушност е идеално за развивање на бактерии. Во расипаната храна бактериите кои предизвикуваат болести можат да се развијат за два часа, освен ако храната не се стави веднаш во фрижидер. Сепак, тукушто подготвената храна која е врела не смее да се стави веднаш во фрижидер, бидејќи при отпуштање на топлината во него му ја намалува температурата и со тоа ја загрозува другата храна.

5. Јадењата кои содржат сирови јајца
Предупредувањата за опасноста од консумирање сирови јајца или јадења од нив во целост се вистинити. Термички непреработените јајца можат да имаат салмонела или други штетни бактерии.

6. Маринирање на кујнска работна површина
Маринирањето на кујнската работна површина е опасно исто како и одмрзнувањето месо на неа. Штетните бактерии на собна температура многу брзо се размножуваат, па затоа треба маринираната храна веднаш да се стави во фрижидер.

7. Користење маринада како сос
Иако се чини економично да се користи маринадата како сос, треба да се има на ум дека бактериите од сировото место можат да ја заразат храната. Маринадата можете да ја користите само ако ја зовриете пред консумирањето.

8. Недоволо термички обработено месо
Додека никој не сака да јаде премногу суво месо, недоволно печеното или сварено месо се уште содржи во себе опасни бактерии. ,,Крвавиот бифтек,, се наоѓа на списокот на забранета и опасна храна. Во секој случај, правилно зготвеното месо е посигурен избор.

9. Немиење раце
важноста од миењето на рацете е веќе добро позната мерка на безбедност. Сепак, поради брзање многумина ја изоставаат или не ја практикуваат правилно. Рацете треба да се мијат околу 20 секунди со сапун и потоа да се исплакнат со вода.

10. Пробување на храната за да се утврди нејзината исправност

Ако сте меѓу оние кои ќе се напијат млеко за да видат дали му поминал рокот на траење, можеби е подобро да се откажете од тоа. Иако во случај со млекото можете да добиете полесни здравствени тегоби, некое залче од друга расипана храна може да има сериозни последици врз вашето здравје.

11. Неизмиеното овошје е опасно да се користи на даска за сечење
Дури и ако имате намера да го излупите овошјето или зеленчукот пред употреба, најдобро е претходно да ги измиете. Пестицидите од нив можат да се пренесат на даската за сечење или на работната површина и да ги заразат веќе исечените овошја и зеленчуци.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина