Барате ли план за исхрана која одговара на вашиот животен стил и потреби? Во тој случај, погледнете ги овие 11 тајни, кои ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате подобро.

 

Поставете си реални цели

Поставете долгорочни и краткорочни цели. Тие треба да бидат реални и треба да можете да ги остварите. Поставете мини цели, кои можете да ги постигнете за краток период. Наградете се за секој успех. Тоа ќе ви помогне да го задржете позитивниот став и да ја остварите крајната цел.

 

 

Одберете голем појадок и лесна вечера

 

Истражувањата покажуваат дека оние кои го прескокнуваат појадокот имаат поголем ризик од дебелеење. Затоа е многу важно да се изеде хранлив појадок и да се оддели време за уживање. После лесна вечера полесно ќе заспиете и ќе го забрзате метаболизмот.

 

 

Научете да препознаете кога сте гладни

 

Дали сте знаеле дека нашето тело често ги меша гладот и жедот? Кога сме дехидрирани, нашето тело ги прима истите сигнали како кога сме гладни. Значи, ако се обидувате да загубите вишок килограми, треба да се следи консумирањето на течности. Кога ќе почувствувате глад, прво напијте се една чаша вода и почекајте неколку минути. На тој начин ќе одбегнете да јадете кога не сте гладни.

 

Јадете малку и често

Големите паузи помеѓу оброците ќе предизвика голема глад. Ќе јадете брзо и телото нема на време да препознае кога е сито.

 

 

Научете да готвите

 

Луѓето обично мислат дека здравата храна е невкусна и нездрава, но тајната е во зачините и комбинациите. Искористете ја можноста и испробајте нова храна, осмислете здрави оброци, кои ја содржат храната која ја сакате… експериментирајте.

Испланирајте ги оброците

 

Дневниот план е одлична идеја. На тој начин полесно ќе ги постигнете саканите резултати. На пример, испланирајте ги оброците и активностите за следниот ден. Обидете се да направите нешто поинакво, за да не ви стане здодевно.

Наградете се

 

Понекогаш мора да се наградиме за доброто однесување. Тоа не значи дека мора да изедете еден килограм сладолед. Дозволете си на себе малку уживање во омилената храна и вратете се на планот кој ќе ве доведе до целта.

 

Намалете ги порциите

 

Јадете од мали чинии. На тој начин ќе го измамите мозокот, бидејќи истата количина храна ќе изгледа поголема. Ќе се чувствувате како да сте изеле повеќе.

Сите грешиме

Немојте да се обвинувате поради малите моменти на слабост. Тоа е нормално и може секому да му се случи. Признајте ја грешката и продолжете понатаму со планот.

 

Размислувајте позитивно

 

Кога сте фрустрирани и сакате да се откажете, размислете за позитивните нешта кои веќе сте ги постигнале. Напишете ја својата главна цел и читајте го секој ден. Потсетете се зошто воопшто сте почнале. Ова ќе ве држи фокусирани и мотивирани.

Управувајте со стресот

Копнежот по храна создава стрес во толкава мера, што храната станува единственото нешто за што размислувате. Тоа е контрапродуктивно, бидејќи стресот создава кортизол, хормон кој навистина го комплицира губењето на тежината. Затоа, опуштете се, прочитајте некоја книга и обидете се да го работите она што го сакате.

 

Тагови: Фитнес
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина