Вискито е еден од најдобрите алкохолни пијалоци кои можете да ги конзумирате, не само поради тоа што можете многу да испиете од него, туку и поради многубројните здравствени бенефити. Еве како консумирањето на неколку чаши виски може да придонесе за здравјето.

Вискито прво се користело во медицински цели, а потоа станал еден од најпопуларните пијалоции во светот. Најверојатно за првпат бил дестилиран во 1400 година во Шкотска, ако им се верува на изворите. Станал пијалок на избор, посебно во Англија и Ирска, и им носел на овие земји 30 – 50% од приходите. Кога популарниот пијалок го преминал Атлантикот, Џорџ Вашингтон навел дека вискито е неговиот најомилен порок. Основал дури и дестилерија во градот Маунт Вернон, која станала една од најголемите и која се уште постои.

Вискито е пијалок во кој мажите уживале со векови. Во минатото, кога ќе се помислело на маж, обично тоа било слика на маж облечен во капут од твид и со чаша виски во раката, како седи покрај камин.

Подобрување на помнењето

Вискито содржи антиоксиданси кои помагаат во подобрување на здравјето на мозокот. Освен тоа, алкохолот ја зголемува циркулацијата на крвта и придонесува за помнењето. Освен тоа, етанолот во вискито им помага на невроните да функционираат правилно, што дополнително и помага на меморијата.

Ослободува од стрес

Кога се пие во умерени количини, вискито може да го намали стресот и да ги смири нервите. Комбинацијата ја забавува мозочната активност и ја зголемува циркулацијата, а тоа е од исклучителна важност за постигнување мир.

Не дебелее

Во споредба со другите пијалоци, вискито е алкохол со низок број на калории, ослободен од маснотии и холестерол. Ако сте на диета, а сакате да се напиете нешто, тој ви е најдобриот избор.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Вискито спречува холестеролот да се акумулира во кардиоваскуларниот систем и може да помогне во отстранување на вишокот холестерол од телото. Освен тоа, ги опушта ѕидовите на артериите и го намалува ризикот од опструкции. Сите овие фактори го намалуваат ризикот од мозочен удар.

Го намалува ризикот од рак

Вискито содржи антиоксиданс кој спречува ДНК да дојде во контакт со канцерогени соединенија, како што се нитрозаминот и полицикличниот ароматичен јаглеводород. Корисен е и при заштита на организмот од оштетувања за време на хемотерапија.

Добар е за варењето

Вискито од дамнина се смета за помошник при варењето на храната, па затоа треба да се консумира по обилен оброк. Составот на вискито и процентот на алкохол во него го прави ефикасен за намалување на апетитот.

Го продолжува животниот век

Антиоксидансите во вискито помагаат во борбата против слободните радикали, кој се број еден причина за стареењето, но ги спречува и другите болести. Вискито му помага на вашиот организам да живее подолго и поздраво.

Им одговара на дијабетичарите

Вискито воопшто не содржи јагленохидрати и не влијае врз нивото на шеќер во крвта, па поради тоа е одличен избор за дијабетичарите. Меѓутоа, ќе треба да го пијат умерено и никогаш не на празен желудник. Секако, пред конзумирање, најдобро е да се посоветуваат со доктор.

Го подобрува здравјето на срцето

Вискито всушност му помага на срцето да стане здраво, исто како што тоа го прави и црното вино. Тоа го намалува ризикот од згрутчување на крвта, и така го спречува мозочниот удар и срцевите напади.

Ја подобрува работата на мозокот

Студијата од 2003 година покажала дека благодарение на квалитетот на антиоксидансите и на елегинската киселина, умереното консумирање на виски го намалува ризикот од Алцхајмеровата болест и деменцијата, а ги подобрува когнитивните функции. Во суштина, еден пијалок дневно ќе ве чува подалеку од докторот.

Превенција од алергии и настинки

Вискито е познато по своите позитивни ефекти во борбата против алергиите и настинките. Ефикасен е против кашлицата, бидејќи алкохолот помага да се убијат сите бактерии во грлото. Најдобрите резултати се постигнуваат со додавање малку виски во шолја топла вода, во која има додадено сок од лимон.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина