Претерувањето со месо може да придвижи штетни процеси во организмот, затоа што зголеменото внесување на протеини има и негативни последици врз здравјето.

 

Можно е да не го поднесувате добро месото, односно да сте интолерантни на него. Протеините, поради тоа, можете да и внесувате од други намирници и да се чувствувате подобро. Ова се 10 знаци кои покажуваат дека телото не поднесува месо баш најдобро и дека го јадете премногу.

 

Дехидрација- Ако јадеме многу месо, телото ќе почне да ги согорува сопствените резерви на масти, разбивајќи ги на мали парчиња – кетони. Зголемената количина кетони во организмот влијае на зголемена работа на бубрезите, кои трошат многу вода. Резултат од овој процес е дехидрација.

 

Замор и вртоглавица- Големата количина протеини може да предизвика чувство на замор. Иако може повремено да се појавува, стручњаците од клиниката Мајо сметаат дека тоа е директна последица од намаленото консумирање јагленохидрати. Ако покрај тоа има и зголемени желудочни киселини, тогаш тоа е знак дека телото не го поднесува најдобро месото и дека му треба подолго време за да го преработи. Затоа најдобро е да се консумира лесен оброк, без присуство на месо.

 

Надуеност- Ако забележите дека по секој оброк со месо сте надуени, тоа е јасен знак за малсорпција и дека телото не успева да ја преработи оваа намирница како што треба. Воопшто чувството дека ви е лошо по јадење месо е јасен знак кој треба да го препознаете и да се обидете, барем на кратко, да го исфрлите месото од мени, со цел да видите дали ќе ви биде подобро без него.

 

Главоболка- Намаленото консумирање јагленохидрати може да предизвика главоболка, а главоболките се влошуваат со се поголемата разлика помеѓу консумирањето на јагленохидратите и протеините.

 

Срцебиење- Се однесува на силниот, неправилниот и забрзан срцев ритам кој, меѓу другото, е последица од премногу протеини.

 

Бубрежни каменчиња- Со внесувањето протеини преку црвеното или белото месо во организмот, внесуваме и поголема количина кислород.Последицата е создавање вишок калциум, кој телото се обидува да го исфрли преку бубрезите.

 

Слабост- Клиниката Мајо предупредува дека со намалено консумирање на јагленохидрати и со зголемено консумирање на протеини се отежнува работата на мускулната маса во телото и дека притоа се создава чувство на општа слабост.

 

Запек – во групата јагленохидрати спаѓа и влакнестиот зеленчук, како што се мешунките, кои ја подобруваат работата на цревата. Со зголеменото консумирање протеини во телото, тоа ги разградува протеините, столицата е потврда и лесно доаѓа до запек. Освен тоа, запек можат да предизвикаат и парчињата црвено месо, кои се богати со маснотии. На мастите многу повеќе им треба да се разградат, но понекогаш причината кај некои може да биде и високата количина железо во месото.

 

Дијареа-Друга крајна нус-појава од пречестото јадење месо и меснаи производи е и проливот.

 

Лош здив- Знак е дека телото тешко го преработува месото. Ако месото не може добро да се свари, тоа ќе влијае и на здивот, но исто така и на другите телесни мириси.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина