Со оглед на тоа дека сме толку многу фасцинирани од мозокот, чудно е што всушност толку малку знаеме за овој орган. Уште полошо е и тоа што го ,,знаеме,, во најголем дел е невистинито. Постојат многу заблуди за мозокот, а овие се најпопуларни.

 

Користиме ли само 10% од мозокот?

 

ПЕТ скеновите и магнетните резонанци покажуваат дека го користиме целиот мозок. Дури и најпростите задачи користат повеќе од 10% од мозокот.

 

Дали со стареењето опѓаат мозочните функции?

 

Иако е вистина дека одделни функции на мозокот слабеат со стареењето, некои од нив дури се подобруваат како што одминува времето. На пример, вока, дури и ако имате вокабуларот или количината на зборови кои ги користиме генерално се зголемуваат со годините.

 

Оштетувањата на мозокот се секогаш трајни?

 

Нашиот мозок не се раѓа со ограничен број на клетки, туку тој број се обновува се до смртта. Некои неврони умираат, но се создаваат нови, дури и ако имате 80 години.

 

Кога ќе дојде до повреда на мозокот, тој може да ја загуби способноста за одење или зборување, но со тек на време и со вежбање оие функции можат да се вратат, бидејќи мозокот гради нови врски на други места и ги ,,пренасочува,, овие функции.

 

Мозокот е статичен и не се менува?

 

Еден од најчестите митови е дека за секоја функција постои специфичен дел од мозокот кој ја врши таа функција и дека тоа не може да се промени. Ова не е вистина. Мозокот е силно флексибилен орган.

 

Два или повеќе делови од мозокот можат заедно да учествуваат во една работа, а понекогаш оние делови од него кои не се користат, на пример поради инвалидитет, можат да почнат да се ,,програмираат,, за подобрување на другите функции.

 

Левата страна од мозокот е организирана и роботска, а десната е креативна?

 

Ова можеби е најчестиот мит за мозокот. Многумина веруваат дека оние кај кои левата страна на мозокот е доминантна се логични, студени и органиизрани, додека оние кај кои денстаа страна им е доминатна се креативни, музикални и уметнички души.

 

Не постојат никакви докази дека некои се лево доминантни, а некои десно доминантни што се однесува до мозокот. Сите ние ги користиме двете страни на мозокот.

 

Помнењето е 100% точен опис за некој настан или доживувања?

 

Иако некои луѓе имаат подобра меморија од другите, ничие помнење не е совршено. Со секое нови потсетување додаваме некои ситни елементи на тоа сеќавање. Со тек на време, нашето сеќавање на некој настан може значајно да се измени.

 

Ако на дете му пуштате класична музика да слуша, тоа ќе има поголем IQ?

 

Иако е примамливо да се верува во “Моцартовиот ефект”, не постојат цврсти докази дека слушањето класична музика може да го направи бебето поинтелигентно. Целата заблуда во врска со ова започнала со една студија која покажала дека возрасните по слушањето на Моцарт имаат подобри резултати на еден вид задачи –  специјално темпорални тестови.

Игрите сложувалки ги подобруваат интелигенцијата и меморијата?

 

Во една студија која ја спонзорирал британскиот ББС учествувале 8.600 испитаници на возраст помеѓу 18 – 60 години. Играле логички и мисловни игри 10 минути секој ден, три пати неделно. По завршување на студијата (по 6 недели) тие немале воопшто поголем IQ од контролната група која воопшто не нииграла игри.

 

Факт е дека умствените игри им помагаат на луѓето да го ,,убијат времето,, и на тој начин да го „ангажираат” мозокот и да го одвратат од размислување за тешкотиите од секојдневието.

 

Коефициентот на интелигенција останува истиот целиот живот?

 

Идејата дека IQ останува ист во текот на целиот живот е побиена со долгогодишното тестирање на студентите. Околу 9% од студентите покажал промени од дури 15 поени во периодот од 4 години.

 

 

Мозокот работи подобро под притисок

 

Иако притисокот од роковите може да не мотивира да работиме посилно, овој притисок не резултира со подобар перформанс на мозокот. Всушност, многу поверојатно е дека под притисок мозокот полошо функционира.

Тагови: мозок
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина