Одржувањето на оралната хигиена е основен предуслов за здравјето, како на устата и забите, така и за целиот организам. Оралната хигиена опфаќа:
хигиена на забите

хигиена на слузокожата на усната шуплина
хигиена на јазикот

Еве кои, според стоматолозите, се најчестите заблуди за оралната хигиена.

1. Електрична четкичка за заби

Електричните четкички се многу бескорисни, доколку не се користи правилна техника за миење на забите, како што тврдат стоматолозите. Не треба да се притегнува четкичката, зашто тогаш, ,,игличките,, се свиткуваат. Се што треба е да се спушти лесно четкичката на забите. Во спротивно, нема да има никаков ефект.

2. Пасти за заби за избелување на забите

Иако многумина посегнуваат за овие пасти за да имаат бели, поубави заби, но стоматолозите предупредуваат дека некои од овие пасти се абразивни, што значи дека ја оштетуваат глеѓта на забите и ја зголемуваат нивната чувствителност. Освен тоа, со оштетување на забната глеѓ забите стануваат се потемни, па всушност се постигнува сосема спротивен ефект.

3. Брзо плакнење

Откако ќе ги истриеме забите со четка и паста, погрешно е веднаш устата да ја измиеме со вода. На тој начин со водата се измива премногу флуор, со што се намалува ефикасноста на пастата за заби. Доколку сепак имате потреба да ја исплакнете устата, употребете течност за плакнење која не содржи алкохол. Потоа не треба да јадете најмалку половина час по миењето на забите.

4. Грубо миење

Несоодветните техники на миење на забите можат да направат повеќе штета отколку полза. Ако премногу грубо ги триете со четкичката за заби, ќе ја оштетите забната глеѓ. Стоматолозите советуваат и да не почнувате да ги триете забите секогаш од истиот заб. На пример, ако секогаш почнувате да ги миете забите од горната вилица од лева страна, на тој дел ќе му посветите најмногу внимание. На многумина им е здодевно миењето на заби, па на делот од вилицата кој последен го тријат, му посветуваат најмалку внимание. Исто така, забите треба да се мијат со кружни движења.

5. Течност за плакнење

Течностите за плакнење на устатат кои содржат алкохол можат да ги оштетат забите, а студиите покажале дека долготрајното користење на овие производи е поврзано со ракот на грлото. Докаќжано е дека прекумерната употреба на овие производи три пати дневно претставува ризик за оралното здравје.

6. Чистење на забите со забен конец

Стоматолозите потенцираат дека неправилното користење на конецот за заби може да ги повреди непцата. Ако сепак го користите, потребна е голема внимателност забите треба да се чистат со лесни движења горе – долу.

7. Миење на забите во погрешно време

Ако ги миете забите во погрешно време, односно откако сте јаделе цитрусно или кисело овошје или сте пиеле вино, знајте дека тоа може да доведе до оштетување, бидејќи киселината од ова овошје ја омекнува забната глеѓ и многу лесно може да се оштети со четкичка. Наместо тоа, почекајте да поминат барем 30 минути, за киселината да се неутрализира во устата.

8. Пасти за заби без флуор

Иако стануваат се популарни, докторите тврдат дека никако не се добри, затоа што не ја спречуваат појавата на кариес.

9. Тврди четкички

Веќе знаеме дека постојат тврди и меки четкички за забите, но стоматолозите велат дека тврдите ја оштетуваат глеѓта и непцата.

10. Миење на забите набрзина

Истражувањата покажуваат дека дури 43% од луѓето ги мијат забите само 45 секунди! Тоа не е доволно за одржување на оралната хигиена. Забите треба да се мијат најмалку две минути!

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина