Човековиот организам е чудна работа. Во него, истовремено, се случуваат многубројни процеси. Ако се случува нешто необично, ние го чувствуваме тоа. Меѓутоа, многумина од нас не обраќаат внимание на тие сигнали. Да погледнеме во продолжение што кажуваат овие одредени сигнали.

 

Сувост на кожата на лицето

 

 

На вашиот организам му недостасува витамин Е. За да го надоместите, вклучете во својата исхрана ореви, масна риба и растителни масла.

 

 

Кршливост на косата и ноктите

 

Ови симптоми укажуваат на дефицит на витамин Б. Доволна количина од овој витамин содржат пченичните никулци, интегралните житарки, мешунките, компирот и млекото.

 

 

Зголемена желба за солено

 

Во организмот постои инфекција или воспалителни процеси, посебно во урогениталниот систем.

 

 

Зголемена желба за слатко

 

Постои можност за нервна исцрпеност и потребна е брза енергетска прихрана – гликоза. Во овој случај, најдобро е да се зема мед или црна чоколада за да се одбегнат проблемите со гастроинтестиналниот тракт.

 

 

Крварење на непцата

 

На организмот му недостасува витамин Ц. Го има во лукот и кромидот, овошјето и зеленчукот. Исто така, можете да пиете и чај од шипки.

 

 

Лош сон, раздразнетост, грчеви во нозете

 

Ова покажува недостаток на магнезиум и калиум. На прво место неопходно е зелен лисјест зеленчук, како што се спанаќ, блитва и кељ. По високата содржина на магнезиум познати се и јаткастите плодови, како што се бадемот, сончогледот и лененото семе.

 

Овие микроелементи исто така ги има во сувите кајсии, сливите и цвеклото.

 

 

Сува кожа на лактите

 

Јасен знак за недостик на витамините А и Ц. Овие витамини се присутни во секое овошје и зеленчук кои имаат жолта боја: моркови, тикви, кајсии и портокали.

 

 

Сакате сирова храна

 

Овој симптом може да укажува на гастритис или проблеми со црниот дроб. Сировата храна ќе помогне да се ублажат грчевите и да се смири желудникот.

 

 

Желба за кисело

 

Организмот самиот ги бара овие продукти, бидејќи му се неопходни за стимулација на црниот дроб или за жолчката. Вклучете во исхраната лимони и брусница.

 

 

Сакате морски плодови

 

Треба да ги консумирате, бидејќи најверојатно имате недостаток на јод во организмот.

 

Тагови: Здравје
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина