sejk_naslovna

Не постои ништо повкусно или поосвежувачко од еден ладен шејк за појадок или после напорното вежбање. Но, понекогаш, сигурно ви недостига некоја состојка или пак ви е мачна помислата на чистењето на блендерот отпосле. Не грижете се, прочитајте ги овие трикови, со цел да подготвите совршен и вкусен шејк.

1) Чувајте ги состојките за шејкот во замрзнувач

Ако секогаш некаде доцните и брзате, подгответе ги однапред состојките за шејковите и замрзнете ги. Кога сакате да подготвите шејк за појадок, само ставете ги во блендер и тоа е тоа.

2) Додадете мраз

Обидете се да замрзнете кафе во калапи за коцки мраз и додадете ги овие коцкички во блендерот следниот пат кога ќе правите шејк.

Ова е одличен трик, доколку немате секогаш млеко или сок. Ова е одличен трик, и за да ги замрзнете свежиот спанаќ или кељ и да ги имате секогаш при рака.

3) Замрзнете и банани

Доколку имате премногу банани, или сте излупиле и исецкале повеќе отколку што ви се потребни, зачувајте ги за подоцна, така што ќе ги замрзнете, а потоа само ќе ги ставите во блендер кога ќе ви бидат потребни (замрзнатите банани може да бидат одличен десерт заедно со нутела или путер од кикирики).

4) Внесете зеленило во вашиот шејк

Доколку не го сакате зелениот зеленчук и обично не го јадете заедно со оброците, најдобар начин да ги внесете овие хранливи материи во вашиот организам е да направите шејк со нив. Додадете спанаќ, кељ или брокула, заедно со јаболки и мед за да го неутрализирате вкусот, и ете добра прилика да ги внесете и овие многу потребни состојки во вашиот организам.

sejk_1

5) Додадете протеини

Ако сакате да направите здрав шејк кој ќе му помогне на вашето тело целосно да се опорави од напорното вежбање, додадете протеински прав во шејкот.

6) Шејк можете да направите и без млеко

За оние кои се нетолерантни на млечни производи, се препорачува да вметнете авокадо или смеса за правење инстант пудинг. На тој начин ќе добиете кремаста текстура и тоа без млеко.

7) Додадете житарки

За здрав почеток на денот, додадете житарки како што е на пример овесот. Препорачливо е прво житарките да ги ставите во блендерот, па дури отпосле да ги додадете другите состојки.

8) Заштитете ги сечивата на блендерот

Најдобро е прво да ја ставите течноста (млеко или јогурт), па потоа помекото овошје и зеленчукот, па потоа мразот на крајот. На овој начин ќе ги “подмачкате” сечилата и полесно ќе ги исечете потврдите состојки.

9) Започнете со послаба брзина

Започнете со послаба брзина, а потоа постепено зголемувајте ја. Така нема веднаш да ги преоптоварите сечилата и моторот, па блендерот ќе ви трае подолго.

10) Не мора потоа да го чистите детално блендерот

Сигурно често ви мрзи да си подготвувате шејкови бидејќи после мора детално да ги чистите садовите и сечивата. Но, таква деталност не е потребна, потребно е само малку да ги исперете со детергент и вода и тоа е тоа.