Многумина мислат дека мастурбацијата е резервирана само за самците, но вистината е дека таа може позитивно да влијае на здравјето на вашиот брак или врска. Истражувањето кое го спровела Сејди Алисон, авторка на книгата “Водич до женската самодоверба”, покажало дека оние жени кои мастурбираат имаат посилни оргазми и полесно доаѓаат до ова задоволство со партнерот.

Постојат уште многу причини поради кои би требале да мастурбирате дури и ако сте во врска:

Ја оддржува желбата за секс

Кога сте подолго време во брак, тешко е да се оддржи истото ниво на страст како на почеток од врската. Сепак, мастурбацијата може да ви помогне да бидете посексуални. Како за мажите, така и за жените, мастурбацијата ги оддржува здрави функциите на органите. Покрај тоа, колку повеќе имате секс, толку повеќе и ќе го сакате.

Ве охрабрува да имате побујна фантазија

Дозволете си на себе да фантазирате за згодни актери или за некое слатко момче о дпродавницата. Така ќе мислите на секс, а вашата врска ќе процвета, бидејќи ќе имате поголем интерес за односи. Слободно фантазирајте, тоа е нешто само ваше и приватно. Никој не мора да знае за тоа.

Ви овозможува сами да владеете со среќата

Во подолгите врски лесно е да се западне во рутина. Мастурбирањето овозможува да се сфати дека сами сте одговорни за своето задоволство, а не дека зависите од партнерот. Тоа е одличен потсетник дека сами сте си одговорни за сопствената среќа.

Ќе ве ослободи од стресот

Секоја врска е подобра кога нема стрес. Мастурбацијата ќе го подигне нивото на ендорфин, што ќе влијае позитивно на вашето расположение и ќе го намали нивото на стрес во организмот.

Во овозможува подобро да се запознаете себеси

најдобар начин за да бидете добри во кревет е да знаете што сакате и тоа да го поделите со партнерот. Поради тоа искористете ја мастурбацијата како начин на откривање што е тоа што го сакате, а што не. Имајте на ум дека телото ви се менува со тек на годините и вашите сексуални преференции исто така можат да се променат.

Ги ублажува симптомите на ПМС

Мастурбацијата е одличен начин да се ослободите од симптомите на ПМС. Се верува дека ја намалува нервозата и грчевите преку моќта на оргазмот. Тој овозможува ослободување на ендорфин, а исто така се зголемува и протокот на крв, што ги ублажува болките.

Ви дава мирен и цврст сон

Ако сакате да бидете повнимателн и понежен партнер во текот на денот, пробајте со мастурбација навечер. Студиите покажале дека жените кои мастурбираат пред спиење подобро спијат во текот на ноќта и со самото тоа се многу подобро расположени во текот на денот.

Може да ви помогне да му одолеете на неверството

Дури и кога сте во долга врска, тоа не значи дека други луѓе не ви се актрактивни и дека нема да бидете во искушение да застраните. Мастурбацијата е одличен начин за да ги задоволите своите сексуални фантазии, а и понатаму да го оддржувате огнот во бракот. Ако двајца решат да живејат заедно, тоа не значи автоматски дека имаат ист сексуален апетит. Во тој случај мастурбацијата е одлично решение.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина