10 причини зошто на телото му треба аштанга јога
Денешното темпо на живеење е причина за многубројни тегоби и болести на модерното доба. Превентивата лежи во здравата исхрана и редовната физичка активност. Во последниве неколку години многу популарна е јогата, од која се имаат раширено разни стилови, меѓу кои спаѓа и Аштанга јогата, која е многу полезна за организмот.
Нејзиниот стил се има развиено во индиското место Мисоре, а во тамошниот институт денес илјадници вежбачи од целиот свет доаѓаат за да ги учат вештините од потомците на Шри К. Патабхи Јоиша, ко прв започнал да ја подучува Аштанга јогата.
Праксата на Аштанга јогата се точно одреден след на позиции, кои се така осмислени што претходната позиција подготвува за следната. Поради тоа, но и поради брзиот ритам односно промена на позициите, оваа пракса промовира силина и издржливост. Затоа што Аштанга е тренинг за сила, во која се минуваат сите мускулни групи без употреба на било какви реквизити (се употребува само сопственото тело), таа станала популарна не само меѓу јога вежбачите, туку и кај спортистите, кои на тој начин ја развиваат својата флексибилност и сила.
Како и кај секој облик на вежбање и овој јогиски стил има бројни благодети за организмот кога се практицира редовно. Целта и е вежбачот да има силно и флексибилно тело, но и да го смири умот и да го отвори срцето, а сето тоа се постигнува со вежбање јога позиции со кои се равива контрола на своето тело.
Јога позициите се базирани на уверувањето дека телото и здивот се тесно поврзани со умот. Здивот го ускаладуваме со позициите и со оглед на тоа што се изведува динамички, се развива голема внатрешна топлина, која доведува до силно потење кое го порчистува целото тело (мускулите и органите).
Кои се се бенефитите од Аштанга јогата?
- ја ублажува мускулната напнатост
- ги истакнува и јакне сите мускулни групи
- ги подмачкува зглобовите
- ги масира внатрешните органи
- ја подобрува циркулацијата
- ја оддржува телесната тежина
- ја зглемува отпорноста на стрес
- го јакне имунолошкиот систем
- го урамнотежува крвниот притисок
- го прочистува целото тело
Аштанга јогата може секој да ја вежба – и млади и стари, и болни и оние кои немаат сила за вежбање.