Жените воглавно одбегнуваат да креваат тегови и ја сметаат оваа физичка активност за ,,машка,, поради тоа што не сакаат да му наштетат на женскиот изглед. Но, кревањето тегови (барем мали) има цела низа здравствени предности.

1. Согорувате повеќе масти за време на тренингот

Секоја физичка активност согорува одреден број калории и наталожени масти, но кревањето тегови е најефикасно за топење на масните наслаги. Најновата студија спроведена во САД покажала дека учесниците кои зеле учество во неа, а кои пред тоа покрај кардиоваскуларни вежби задолжително кревале и тегови, загубиле за 40% повеќе масти од останатите учесници.

2. Мускулите поинтензивно согоруваат калории

Мускулите користат многу повеќе енергија и со самото тоа согоруваат повеќе калории од обичното масно ткиво. Кажано со други зборови, ако мускулите ви се јаки и затегнати, ќе согорите многу повеќе калории во текот на денот, дури и во период на мирување, додека седите пред компјутер. Поточно, како што покажуваат истражувањата, ако кревате тегови, ќе согорите за 10% калории.

3. Посилни коски

Здравјето на коските со годините станува се полошо, но кревањето тегови може да ви помогне да го сопрете процесот на пропаѓање на коските, па дури да ја подобрите нивната структура. Американската студија покажала дека четири месеци тренинг на отпор ја зголемува густината на коските, а со самото тоа и нивната јачина за дури 20%.

4. Здраво срце

Кревањето тегови има благопријатно дејство на крвниот притисок. Три тренинзи на кревање тегови неделно се доволни за да се намали ризикот од мозочен удар за 40%, како и од ризикот од срцев удар за 15%.

5. Витко тело

Мускулите се со погуста структура од мастите, па со самото тоа завземаат поал простор на вашето тело. Освен што ќе изгледате фит и позатегнато, ќе изгледате и повитки отколку што навистина сте.

Никогаш не е доцна да почнете да кревате тегови, а за постарите лица овој вид на вежбање може да биде покорисен од трчањето. Имено, австралијанските научници во едно истражување утврдиле дека кај постарите лица кои почнале да креваат тегови процентот на проблеми со рамнотежата, во вид на паѓања и повреди, се намалил за дури 31%.

7. Ќе престанете да пушите

Една студија покажала дека пушачите од двата пола, кои почнале редовно да креваат тегови, два пати полесно се откажале од пушењето, во споредба со оние кои не вежбале редовно со тегови.

8. Побрзо закпрепнувае од рак

Насобирањето течности во рацете е потенцијална нус-појава при операција на дојка и зрачења, а може да се јави по месеци или дури години по третманот. Истражувањата покажуваат дека пациентите со опериран рак на дојката, кои кревале тегови, имале помали шанси од нивните врсници со ист здравствен проблем да ги доживејат овие негативни симптоми и последици од болеста.

9. Ќе бидете посреќни

Секој вид на вежбање, во принцип, го подига нивото на сератонин, хормонот за среќа кој е задолжен за доброто расположение. Новите истражувања покажуваат дека шест месеци редовно кревање тегови значително ги подобрува резултатите на тестовите за мерење на контролата на бес.

10. Подобар сексуален живот

По 30-та година од животот, нивото на тестостерон кај мажите почнува да опаѓа. Ова може да доведе до еректилна дисфункција и до некои потешки болести, како што се болестите на срцетои дијабетесот. Кревањето тегови е одличен начин за да се сопре овој процес, бидејќи телото реагира позитивно на секаков вид вежбање, а посебно на кревањето тегови, па почнува да произведува повеќе тестостерон.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.