Бубрезите помагаат во остранување на штетните материи, го регулираат производството на црвените крвни зрнца, ги ослободуваат хормоните кои го регулираат крвниот притисок и кои помагаат во производството на активниот облик на витамин Д, кој е потребен за здравјето на коските. Тие исто така помагаат во оддржување на рамнотежата на водата и концентрацијата на минералите во крвта, како што се натриумот, калиумот и фосфорот.

Меѓутоа, некои луѓе може да бидат под поголем ризик фактор да заболат од бубрезите. Ова вклучува семејна историја на болеста, дијабетес, висок крвен притисок, пушење и дебелина.

Често проблемите со работењето на бубрезите не пројавуваат симптоми и поради тоа може да биде тешко да се дијагностицира болеста.

Ова се 10 симптоми кои укажуваат дека некој се соочува со проблеми во работењето на бубрезите:

1. Промени во функцијата на уринарниот тракт

Првите симптоми за болест на бубрезите е промената на уринарната функција. Промената може да биде во зачестеноста и висината на урината. Останатите промени може да вклучуваат и често мокрење, потемна урина од вообичаено, урина која е ,,пенеста,,, урина во која има крв, чувство на притисок или проблеми во текот на мокрењето, болка или чувства на пецкање во текот на мокрењето.

2. Отекување

Главна задача на бубрезите е отстранување на отпадот и течноста од телото. Кога тоа не се случува, насобирањето на ополнителна течност и вода доведува до отекување. Отекувањето може да се јави на нозете, рацете, скочните зглобови, лицето и под очите.

3. Замор и слабост

Кога бубрезите не функционираат како што треба, постои константно чувство на замор во текот на денот. Може ќе се чувствувате уморно, исцрпено или со недостиг на енергија без никаква причина. Две причини за овие симптоми се анемија и акумулација на отпадните материи во телото. Здравите бубрези го лачат хормонот еритропоетин, кој помага во производството на кислородот. Оштетениот бубрег создава помалку од овој хормон, што на крајот доведува до намалување на црвените крвни зрнца.

4. Вртоглавица

Ако болеста на бубрезите предизвикува анемија, може да патите од чести вртоглавици, што доведува до чувство на зашеметеност, нестабилност или губење на рамнотежата. Тоа се случува затоа што анемијата спречува мозокот да добие доволно кислород. Тоа понатаму може да доведе до проблеми со помнењето, отежната концентрација и проблеми со спиењето.

5. Необјаснива болка во грбот

Необјаснивата болка во грбот и странично во стомакот можат да бидат симптоми за недијагностицирани болести на бубрезите или бубрежни инфекции. Кога бубрезите не функционираат како што треба, може да дојде до болка, закоченост и течности во зглобовите. Болката во долниот дел на грбот и препоните може да биде предизвикана од камен во бубрегот.

6. Чешање и иритација на кожата

Осип, иритација и претерано чешање се симптоми кај некои видови боелсти н бубрезите. Неправилното функционирање на бубрезите придонесува за натрупување на отпадни продукти и токсини во пранизмот, што доведува до многу проблеми со кожата.

7. Непријатен вкус во устата

Болеста на бубрезите може да предизвика непријатен вкус во устата. Тоа се случува затоа што слабото функционирање на бубрезите доведува до зголемено ниво на уреата во крвта. Уреата влијае на создавањето на амонијак во плунката, која предизвикува непријатен вкус.

8. Мачнина или повраќање

Мачнина, повраќање и слаб апетит се многу вообичаени симптоми кај оние луѓе кои патат од болест на бубрезите. Мачнини и повраќања најчесто се јавуваат наутро по будењето. Бидејќи бубрезите не се во состојба да ги филтрираат штетните токсини од крвта, ова доведува до акумулација на прекумерна количина на азот во крвотокот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина