,,Грижата за забите и непцата не влијае само на здравјето на усната шуплина. Устата е влезот на вашиот организам,, – предупредило Американското друштво за заштита на забите по поразувачкото испитување кое покажало дека отприлика половина од Американците еднаш дневно не ги чистат забите со конец за заби и дека дури петтина од нив ги мијат забите два пати дневно.

 

Со тек на време се покажало дека лошата хигиена на забите и на усната шуплина влијае на здравјето на внатрешните органи, но колкаво е влијанието не може да се провери, бидејќи не би било етички, ниту во согласност со Хипокритовата заклетва, да се направи истражување во ое испитаниците подолго време нема да ги мијат забите.

 

Овие десет болести се сметаат за последица на лоша хигиена на устата:

 

1. Болести на непцата

Неки луѓе не знаат дека за време на миење на забите, непцата не смеат да болат или да крварат. Тие се показатели за болест на непцата, како што е гингивитисот, од кој непцата се црвенеат, отекуваат и крварат, а последица е бактеријата која се насобира во плакот меѓу забите.

 

2. Губење на забите

 

Во просек, возрасните на возраст помеѓу 20 и 64 години, се без седум трајни заби, а дури 10% од Американците на возраст помеѓу 50 и 64 години немаат ниеден заб. Нелекуваниот гингивитис и кариес влијаат на губењето на забите.

 

3. Непријатна миризба (халитоза)

 

Халитозата е честа или трајна појава на непријатна миризба од устата, а од неа патат повеќе од половина од луѓето. Халитозата е симптом кај некои сериозни болести, но најчесто е последица од лоша орална хигиена. По секој оброк во устата меѓу забите остануваат ситни парченца од храната, кои со тек на време гнијат и создаваат непријатна миризба. Покрај тоа, привлекуваат и бактерии, кои исто така со своето делување создаваат непријатни мириси.

 

4. Деменција

 

Долгото и големо истражување спроведено во пензионерски дом во Лагуна Хилс покажало дека постои поврзаност помеѓу лошото стоматолошко здравје и деменцијата, иако е можно луѓето со подобра орална хигиена да имаат подобри здравствени навики. Истражувачите следеле 5.468 испитаници во текот на цели 18 години и откриле дека меѓу пензионерите кои се уште имале заби, оние кои изјавиле дека не ги мијат редовно забите, имале од 22% до 65% поголем ризик за развој на деменција, за разлика од оние кои ги миеле забите три пати дневно.

 

Едно друго истражување покажало дека мозоците на оние кои се болни од Алцхајмерова болест имале поголем број бактерии поврзани со болести на непцата, од оние кои се когнитивно здрави.

 

5. Воспаление на белите дробови

 

Кога во усната шуплина се наоѓаат патогени (бактерии), луѓето ги вдишуваат преку воздухот во белите дробови, каде можат да им нанесат голема штета како на нив, така и на целиот организам. Се покажало дека патогените се една од причините зошто пациентите во болниците лесно добиваат ,,болничко,, воспаление на белите дробови.

 

Подобрувањето на оралната хигиена ја има намалено зачестеноста на воспаление на белите дробови за 40%. Друго истражување, во кое учествувале 315 болни од една бразилска болница, покажало дека тројца од четири пациенти со воспаление на белите дробови имале некаков облик на периодонтитис.

 

 

6. Еректилна дисфункција

 

Причинско-последичната поврзаност помеѓу еректилната дисфункција и лошата орална хигиена може да се чини неважна или дури и непостоечка, но прелиминарното истражување објавено во Journalu of Sexual Medicine покажало дека овие две состојби можат да бидат директно поврзани – и двете се последица од недостиг на витаминот Д и пушењето, но директната поврзаност меѓу овие две состојби е уште непознатаo.

 

Истражувањето спроведено над испитаници одбрани по случаен избор, кои биле на возраст помеѓу 30 и 40 години, покажало дека 53% од испитаницте со еректилна дисфункција имале напреднат периодонтитис, за разлика од групата паиенти кои не пателе од еректилна дисфункција, каде напреднат периодонтитис имале само 23% од испитаниците.

 

7. Дијабетес

 

Познато е дека една од последиците на дијабетесот е и појавата на периодонтитис кај пациентите, но од неодамна е откриено дека тој причинско – последичен однос е всушност обостран, поточно дека периодонтитисот има влијание врз развојот на дијабетес кај луѓето.

 

Исклучително лошата орална хигиена може да биде причина за инсулинска резистентност (позната уште и како пред-дијабет) токму поради фактот што ги засилува воспаленијата во организмот. Кај некои пациенти кои патат од двете болести, се покажало дека држењето под контрола на периодонтитисот помага и кај дијабетесот.

 

8. Болести на срцето

 

Многубројни истражувања покажале дека постои поврзаност помеѓу болестите на непцата и срцевите болсти. Авторите на истражувањето за Американското здружение за срцеви болести, спроведено во 2008 година, побарале во истражувањето периодонтитисот да се вброи како нов маркер (ризичен фактор) зa срцевите болести, независно од традиционалните маркери.

 

– Периодонталната болест и срцевите болести делат многу заеднички фактори; не постои причина поради која би сметале дека периодонталната болест директно предизвикува срцеви заболувања; но лекувањето на перидонтитисот ги намалува воспалителните процеси во телото, иако не влијае на развој на срцеви заболувања – велат од Американското здрушение за срцеви болести во 2012 година, а оваа изјава придонела за дополнително внимание кај болните и докторите.

 

9. Компликации во бременоста

 

За време на бременост, помеѓу 60% и 75% од трудниците имаат проблеми со гингивитис, што влијае директно и на состојбата на забите кај новороденчињата. Лошата орална хигиена кај идните мајки доведува и до помала родилна тежина кај новороденчињата, како и предвремно породување.

 

Истражувачите се сомневаат дека се работи за една од следниве две причини: или е зголемено некое воспаление на целиот организам или орална бактерии за време на бременоста влегува во крвотокот на трудницата и со тек на време се населува на постелката, што директно влијае на здравјето на детето.

 

10. Рак

 

– Доказите до кои дојдовме неодамна сугерираат дека обемот и тежината на парадонталната болест и губењето на забите можат да се поврзат со зголемен ризик од малигните болести – изјавил еден истражувач откако со својот тим направил опсеен преглед на сит еистражувња кои ги истражувале причините и последиците од периодонталните болести врз организмот.

 

Оралните болести и проблемите со забите се директно поврзани со ХПВ, кој ги предизвикува околу 80% од оралните карциноми. Додека пушењето е голем фактор за добивање рак, истражувањето спроведено минатата година над 3439 испитаници ја идентифицирало лошата орална хигиена како посебен фактор кој влијае директно на добивањето на ХПВ.

 

Други истражувања покажале дека периодонтитисот го забрзува развојот на канцерогените клетки во устата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина