Кога сме гладни, умееме понекогаш да посегнеме по храна која и не е најдобриот избор, бидејќи одредени намирници не е добро да се консумираат на празен желудник.

Ова се десетте намирници кои се забранети да се консумираат на празен желудник:

1. Пецива од крцкаво и лиснато тесто

Намирниците кои содржат квасец ја иритираат слузницата на желудникот и може да предизвикаат надуеност.

2. Слатки

Шеќерот го зголемува нивото на инсулин, што пак значително го зголемува притисокот врз панкреасот, кој само што се ,,разбудил,,. Навиката за консумирање слатко на празен желудник може да доведе до развој на дијабетес.

3. Јогурт и други ферментирани производи

Кога ќе испиеме јогурт на празен желудник, хлороводородната киселина, која се создава во желудникот, ја убива бактеријата од млечната киселина. Така консумирањето на јогурт и други ферментирани производи за појадок му правиме само лошо на организмот.

4. Круши

Природните влакна во крушите може да и наштетат на чувствителната мембрана на празниот желудник.

5. Домати

Доматите содржат големи количини танинска киселина, која ја зголемува киселоста во желудникот. Тоа може да резултира со чир на желудникот.

6. Свежи краставици и друг зелен зеленчук

Сировиот зеленчук е богат со аминокиселини. Меѓутоа, тоа може да доведе до киселини во желудникот, надуеност и абдоминална болка, посебно ако се консумира на празен желудник.

7. Банани

Ако јадете банани на празен желудник, количината на магнезиум во крвта зачително ќе се зголеми, што може да биде штетно за срцето.

8. Лути зачини

Зачинетата храна може да ја оштети и надразни слузницата на желудникот, и да го зголеми производството на киселини во желудникот. Тоа, пак, може да придонесе до вообичаените нарушувања во работата на системот за варење.

9. Студени газирани пијалоци

Ако наутро пиете студени газирани пијалоци, тоа може да ја оштети слузницата на желудникот и да го намали дотокот на крв до него. Последиците од тоа е побавно варење на храната.

10. Цитруси

Цитрусите се преполни со овошни киселини и ако ги јадете на празен желудник можат да доведат до киселини и да го зголемат ризикот од гастритис и чир на желудникот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина