Забите мора особено да се чуваат и негуваат, посебно кога се работи за забната глеѓ, а сето тоа, освен со редовно оддржување на хигиената на усната шуплина, може да се постигне и со исхраната. Во продолжение погледнете кои намирници помагаат во тоа.

 

1.Млечни производи

Млечните производи, како што се млекото, јогуртот, кефирот и сирењето, содржат многу повеќе калциум и фосфор, кои можат да помогнат да се зајакне забната глеѓ и да го помогнат нејзиното обновување. Тие исто така го зајакнуваат лачењето на плунката, што може да има превентивен ефект, бидејќи плунката ги штити забите од бактерии и ја балансираат pH вредноста во устата. За оние кои не се толерантни на лактоза, збогатеното соино млеко може да биде добра алтенатива, затоа што обично содржи додаден калциум.

 

2.Целер

Целерот, благодарение на својата висока содржина на влакна, може да помогне во заштитата на забите и глеѓта и чистење на површината на забите. Неговите влакна исто така бараат повеќе време за џвакање, што може да го зголеми лачењето на плунката и одржувањето на здраво pH ниво во устата. Забното месо, кое е составен дел на здравата забна глеѓ, исто така се масира во процесот на џвакање, со што се обезбедува неговото здравје.

 

3. Јагоди

Јагодите се полни со атиоксиданси и витамин Ц, кои се важни во оддржување на целокупното здравје на усната шуплина. Јагодите исто така имаат природен ефект на пилинг поради својата киселина, а можат да помогнат и во избелување на забите и отстранување на забниот камен, кој ја оштетува забната глеѓ. Консумирајте ги како меѓуоброк или како здрав десерт.

4. Витамин Д

Истражувањата покажале дека витаминот Д е нутриент кој игра клучна улога во регулирање на протеините кои ја создаваат забната глеѓ. Значи, храната богата со витамин Д, како што се рибиното масло, рибата и жолчките, се одлични за јакнење и евентуално обновување на забната глеѓ.

5. Протеини од месото

Повеќето протеини од месото, како што се пилешкото и говедското, содржат фосфор, кој е важен минерал за здравјето на забната глеѓ. Фосфорот ,,во комплет,, со калциумот и витаминот Д, ги прави здрави коските и забите. За вегетаријанците, алтернатива може да биде тофуто, бидејќи содржи добра количина протеини, а можно и дополнителен калциум и магнезиум.

6. Сусам

Сусамот има сличен ефект како и целерот, со тоа што ја чисти површината на забите и ги остранува бактериите кои предизвикуваат оштетувања. Исто така се богати со калциум и едноставни се да се вклопат во исхраната. Можете да ги додадете во многу јадења или да ги измиксате во вашето овошно фрапе.

7. Витамин К

Важен е за раст на коските и за апсорпција на минералите. Витаминот К може да помогне да се зајакне забната глеѓ, заедно со витаминот Д. Зеленчукот како што се кељот и брокулата, богати се со витаминот К и со други хранливи материи за имунитет, кои исто така може да придонесе за поздрави заби и непца. Втор одличен извор на овој витамин се жолчките, тврдото сирење, пастеризираниот путер и ферментираните житарки.

8. Магдонос

Магдоносот со години е користен како природен освежувач на здивот. Ова растение е познато по своите антибактериски својства и така може да го спречи развојот на бактерии кои доведуваат до губење на забната глеѓ. Затоа, ако одлучите да џвакате малку магдонос наместо гума за џвакање или бонбони за освежување на здивот, не само што ќе го освежите здивот, туку исто така и ќе ги зачувате забите од шеќер, кој може да ја оштети забната глеѓ.

9. Чај

Богато со антиоксиданси за здрава усна шуплина, речиси сите листови од кои може да се свари чај, исто така ја штити забната глеѓ од пропаѓање. Посебен е зелениот чај кој го содржи антиоксидансот полифенол, кој ги шити забите, така што го спречува натрупување на плакот на нивната површина.

10. Вода

Пиењето вода е важно за оддржување на чистотата на устата, бидејќи ги мие остатоците од храна кои остануваат меѓу забите, што е обично плодно тло за развој на бактерии. За поздрави заби, исто така е пожелно да се мие устата со вода по консумирање алкохол, кафе или лимон. Хидратацијата исто така го јакне имунолошкиот систем, што потенцијално го намалува ризикот од болести на непцата, што на крај може да биде штетно и за забната глеѓ.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина