Колку некому забите му сетемниодносно жолти, може да се гледа од две гледишта. Прво, сите сегменти од естетиката на забите, па така и бојата, се субјективно доживување. А тоа значи дека она што за некого е жолто, за друг е сосема прифатливо, и второ, дека постои секогаш некаков просек на ниво кај пошироката популација, па секое отскокнување од тоа делува неестетски, што на некое друго место би било сосема во ред и вообичаено. Што се однесува до белината на забите, постои еден факт: таа првично е одредена од генетиката, потоа од добрите или лошите навики, во што се вбројуваат хигиената на устата и забите, пушењето, консумирањето пијалоци или храна кои влијаат на пребоеноста и бојата на забите и, секако, самата животна возраст.
Ако го прифатиме фактот дека сето она што е наследно, а тука спаѓа и бојата на забите, е неминовно, а и дека стареењето е природен тек на ,,животниот круг,,, ни останува да се позанимаваме со она на кое можеме да влијаеме, а тоа е да видиме што делува на нивното боење и да внимаваме да го одбегнуваме.

1. Чај
Во текот на историјата, чаевите се користеле за боење на ткаенини, а идентично делуваат и врз забите. Посебно силен ефект имаат темните чаеви, па затоа е добро по пиењето на чај да се измијат забите.

 

boenje1

 

2. Цвекло
Оваа многу здрава намирница преполна со корисни минерали и витамини е идеален дел од секојдневната исхрана. Но, нејзината силна боја останува не само на рацете при сечењето, туку и на забите.

3. Кафе
Не постои потемен напиток од кафето. Токму неговата силна боја ја уништува блескавата насмевка. Кафето содржи во себе танин и затоа е многу важно да се измијат забите по неговото пиење.

4.Бобинки
Иако многумина од нас ги обожаваат,бобинките како рибизлите, малините, боровинките и капините можат да ги направат забите жолти.Главна причина за тоа е нивната јака боја,која лесно се врзува за забната глеѓ.

 

boenje2

 

5.Кари
Овој зачин потекнува од Индија. Има интензивно темножолта боја и силна арома, па затоа многумина го користат во секојдневната исхрана со цел да го збогатат своето јадење. Сепак, неговата моќна боја се задржува на забите и затоа треба веднаш по неговото консумирање да се измијат.

6.Вино
Црното вино со својот пигмент ги прави забите жолти. Сличен ефект има и белото вино, и тоа благодарение на танинот – природен растителен полифенол кој му го дава горкиот вкус на виното, а кој е главен виновник за жолтите дамки на забите.

 

7.Соја сос
Овој популарен додаток во јадењата, во кој ужива цела Азија, им дава егзотична арома на јадењата, но за жал ги бои жолто забите. Главна причина за тоа е што голем број од купените соја сосови не се добиени со природна ферментација, туку преку процес кој е забрзан со додавање хлороводородна киселина, која има штетно влијание врз забната глеѓ.

8. Балсамички оцет
Овој популарен дресинг ги обогатува салатите, но и ги бои забите, и тоа благодарение на комбинацијата од киселина и кафеава боја. Се работи за вкусен додаток на салатите направен од разни видови билки и шеќер.

9. Газирани пијалоци
Слатките газирани пијалоци се полни со шеќери, кои често се причина за појава на кариес. Ваквите пијалоци, посебно оние со силни и дури и флуоросцентни бои, содржат во себе големи количини киселини, поради кои забите можат да станат жолти.

10. Сос од домати
Вкусниот и, за некои, омилен додаток на јадењата не се пријател на блескавата насмевка. Причината за тоа не се крие во неговата црвена боја, туку во големата количина на киселини кои ги содржи во себе.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина