Ретко кој од нас обраќаат внимание на тоа дека диетите не се добри само за нашата витка фигура, туку и дека со намалување на телесната тежина значително можеме да го поправиме нашето здравје, но и да го намалиме ризикот за некои болести на модерното време, вклучувајќи ги дијабетесот, кардиоваскуларните болести и ракот. Сепак, постојат бројни широко распространети митови во врска со диетите и слабеењето, во кои голем процент од луѓето веруваат, иако не постојат научни докази кои би ги потврдиле како вистинит факт. Денес ви претставуваме само некои од нив, како и научни објаснувања кои докажуваат колку овие митови се погрешни.

1. МИТ: Со гладување ќе ги зачувате масните наслаги

ФАКТ: Еден од најпопуларните митови за диетите е оној со гладувањето, односно тврдењето дека ќе го забавите метаболизмот ако престанете да јадете, поради што телото ќе се обиде да ги зачува масните наслаги. Во неодамнешен експеримент, истражувачите замолиле 11 здрави доброволци да останат во метаболичка комора (соба во која прецизно го мереле нивниот метаболизам количината енергија која телото ја согорува додека одмора), каде тие во текот на денот не јаделе ништо, само пиеле вода. Било утврдено дека степенот на согорување на енергијата по три дена се зголемил за 14%, најверојатно поради порастот на хормонот норадреналин, чија функција е токму согорувањето на мастите. Сепак, научниците тврдат дека доколку доброволците продолжиле со овој експеримент, многу брзо ќе доживејале пад на овој хормон, поради наглото губење на тежината и ухранетоста, која би имала негативни здравствени последици.

2. МИТ: Не е добро да се слабее повеќе од еден килограм неделно

ФАКТ: Многумина тврдат дека не е добро мерењето повеќе од еднаш неделно, бидејќи ќе станете опседнати со својата тежина и изглед. Меѓутоа, со една неодамнешна студија, која следела повеќе од 40 луѓе кои биле во процес на слабеење, од кои некои секој ден се мереле, некои секој втор ден, а некои еднаш неделно или месечно, било утврдено дека побрзо слабееле токму оние кои почесто се мереле. Значи, мерете се слободно онолку пати колку што сакате и само бидете истрајни во своите цели.

3. МИТ: Морате да јадете редовно за да го одржувате нормалното ниво на шеќерот во крвта

ФАКТ: Во студијата која веќе ја спомнавме во овој текст, за време на која испитаниците три дена пиеле само вода, било утврдено дека нивото на шеќер во крвта (кое редовно им се мерело), не опаднало нешто значително, иако сите денови биле без храна, и останало во нормални граници. Истовремено, нивото на масти во крвта пораснало, покажувајќи на тој начин дека нивните тела се вклучени во процесот на согорување на мастите. Заклучокот од сето тоа е дека – колку почесто јадете, толку почесто ќе бидете гладни.

4. МИТ: Малите и почести оброци ќе ви помогнат да го загубите вишокот килограми

ФАКТ: Распространето е верувањето дека поделбата на храната во текот на денот на помали оброци ќе ви го забрза метаболизмот, нема да чувствувате глад и ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги. Меѓутоа, истражувачите спровеле студија со која го побиле овој мит. За време на истражувањето, две групи луѓе јаделе ист број калории во текот на денот, само што едната група внесувала по два, а другата група по шест оброци дневно. Верувале или не, оние кои се хранеле со два оброци загубиле повеќе сантиметри околу половината, се чувствувале позадоволно и тврделе дека чувствувале помалку глад во текот на денот од оние кои почесто јаделе.

 

5. МИТ: Вежбањето ќе ви помогне да ослабнете

ФАКТ: Овој мит изгледа неверојатно логично – физичката активност ни помага да ги согориме калориите, а со тоа и да го загубиме вишокот килограми. Сепак, тоа не е вистина. Наслагите маснотии во телото се многу енергетски густи и тешко можат да се “разбијат” со вежбање, па ќе треба да истрчате дури 36 километри за воопшто да го придвижите нивното согорување. Проблем тука претставува и навиката која луѓето ја имаат по тренингот да се почестат со некое слатко, што никако не е добро, затоа што по физичката активност ќе внесете повеќе калории одошто сте ги потрошиле со вежбањето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина