Намирниците кои не надувуваат можат и тоа како да влијаат на изгледот на нашиот стомак, а нутриционистот Касандра Барнс препорачува 10 најдобри намирници со кој стомакот нема да биде никогаш надуван, туку рамен. Еве кои се тие.

1.Лук – неговите антигабични и антибактериски својства делуваат благопријатно на варењето и желудникот.

2.Кимчи – е традиционално корејско јадење од ферментирани намирници, направено со ситно сечкана кисела зелка. Тој е сличен на нашата кисела зелка, со тоа што во него има повеќе видови зеленчук и зачини. Тој делува како природен пробиотик и е одличен за варењето.

3.Артичоки – одличен извор се на инулин, растворливи влакна, а одлични се за варењето поради својот пробиотички ефект.

4.Ѓумбир – го стимулира производството на желудочните киселини и соковите за варење, и ја поттикнува храната да минува низ цревата. Може да се додава во супи, сосови, гулаши, зеленчукови сокови, салати и во чај.

5 . Мисо – е ферментирана паста од соја или од ориз, јачмен и морска сол, а понекогаш му се додаваат и алги. Тоа содржи висок процент на бактеријата Lactobacillus како и ензими кои делуваат добро на варењето. Освен тоа, богата е и со минерали, протеини, есенцијални масла, јагленохидрати и аминокиселини. Може да се додава во сите јадења.

6. Зобвлакната се неопходни за добро работење на цревата, а зобот е одличен за тоа. Освен тоа, зобот е добар и за намалувањето на високиот холестерол и во контролата на шеќерот во крвта.

7. Јаболков оцет – повеќето луѓе не го знаат тоа, но луѓето патат повеќе од недостиг отколку од вишок на желудочна киселина. Нејзиниот недостиг доведува до лошо варење, подригнување, вртоглавица или надуеност. Лажица јаболков оцет растворен во малку вода непосредно пред јадењето може да помогне во оддржување на здраво ниво на желудочна киселина. Но , тоа не би требало да се користи ако веќе се користат лекови за намалување на желудочната киселина.

8. Поточарка – горчливиот вкус на ова растение ги стимулира соковите за варење и испуштањето на отровите од црниот дроб. Горчината од нив помага и при растопување и варењете на мастите и помага во варењето и апсорбирањето на витамините А и Е, кои се клучни за разградување на мастите.

9. Супа од коски – оваа супа се вари со часови и при тоа таа испушта вредни нутритиенти, вклучувајќи ги желатинот и минералите од коските. Токму желатинот е тој кој помага во оддржувањето на нивото на киселина во желудникот.

10. Семки од тиква – одличен извор се на цинк, кој е клучен за добро здравје на цревата. Свежите семки одамна се користеле како лек против паразити. Денес, се препорачуваат кратко да се пропржат за да може од нив максимално да се добијат сите благодети.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина