Ароматерапијата со етеричните масла на растенијата е една од најпопуларните области на природната медицина, не е штетна, докажано го поправа расположението и ги брка од нас зимската депресија и зимските вируси. Еве како миризливите масла влијаат на нашето расположение и зошто се добри маслата од камилица, лаванда, босилек, рузмарин, рози, портокали, лимони и грејпфрути.

Камилица
Ја смирува и подига самодовербата. Веќе со векови се користи за смирувањње, подобрување на расположението, ублажување на грчеви во мускулите, зараснување на рани и лекување на помали инфекции.

 

Еукалиптус
Од миризливото масло на еукалиптусот стануваме поживи и повесели. Тоа се смета за едно од најефикасните природни средства за лекување на респираторните инфекции.

 

Лаванда
Маслото од лаванда успива, опушта, ги намалува грижите и анкциозноста. Стручњаците за ароматерапија препорачуваат да се капнат неколку капки од ова масло на шамивче и потоа 12 пати да се вдишува.

 

Рузмарин
Маслото од рузмаринот разбудува, подмладува, ја враќа довербата и менталната издржливост. Одличен стимулатор е за мозокот, бидејќи ја зголемува концентрацијата и менталната издржливост. Им се препорачува на студентите и на сите оние кои имаат големи интелектуални напори.

Босилек

Го подобрува помнењето, ја поттикнува концентрацијата и закрепнува. Маслото од босилек помага и кај болни менструации и грчеви.

 

Нане
Маслото од нане го јакне либидото, ја обновува енергијата и дава сила. Исто така, ја подобрува концентрацијата и делува антибактериски, антивирусно и противвоспалително.

 

Грејпфрут
Маслото од грејпфрут растоварува, воспоставува мир и хармонија, освежува и релаксира. Тоа е богато со супстанции кои делуваат антиоксидативно, односно го стимулираат имунолошкиот систем и го спречуваат делувањето на слободните радикали од надворешната средина.

 

Роза
Маслото од рози ублажува напади на паника, загриженост и тага. Преку вдишување или не некој друг начин примената на ова маасло може да го подигне нивото на енергија и да придонесе за психичка и физичка рамнотежа.

 

Портокал
Опушта, не прави психички посилни и поттикнува чувство на сигурност. Ова масло ги олеснува тегобите при варењето, а добро е и за лекување на дерматитис.

 

Лимон
Го засилува чувството на среќа, го јакне помнењето и ни помага да го поправиме расположението. Миризливото масло од лимон ублажува ревматски тегоби и главоболки и отстранува психички замор.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина