srce_1

 

Дали знаевте дека црн ден за срцето е понеделник, дека женското срце почука побрзо од машкото или дека старите Египјани верувале дека срцето може да се движи во телото?

  1. Понеделник е црн ден за срцето: приближно 20 проценти од срцевите удари се случуваат токму на овој ден, најверојатно, бидејќи луѓето се под стрес и депресија заради враќањето на работа.

  2. Ризикот од срцев удар е повисок за 40 отсто во утринските часови – потврдија експертите од Универзитетот Харвард. Кога ќе се разбудиме, нашето тело излачува адреналин и други хормони на стресот, се зголемува притисокот и потребата за кислород. Крвта е, исто така, погуста во утринските часови и срцето ја испумпува потешко, заради делумната дехидрација. Сето ова негативно влијае на срцето, а за да се заштитите, наутро кога ќе се разбудите, оставете си малку време за после звукот на алармот полека да се разбудите во кревет. Доколку вежбате наутро, добро истегнете се, за да не го оптоварите срцето со дополнителен стрес.

  3. Барате рецепт за силно и здраво срце? Придржувајте се кон медитеранскиот начин на исхрана и редовно вежбајте – советуваат канадските експерти. Испитаниците кои редовно вежбале според одредена програма и се исхранувале на “медитерански начин” го намалиле обемот на струкот за осум сентиметри, успеале да го снижат горниот крвен притисок и да го подобрат својот физички облик за 15 отсто во првите девет месеци од истражувањето.

  4. Аристотел верувал дека срцето е изворот на интелигенцијата, а главната цел на мозокот е да ја разладува нашата крв, додека пак, старите Египјани верувале дека срцето може да се движи во внатрешноста на телото!

  5. Не залудно се вели дека женските срца се различни од оние на мажите! Имено, срцето кај жените чука околу десет проценти побрзо отколку кај мажите, а разликата е 8 отчукувања во минута!

  6. Можеби звучи малку чудно, но дури и кардиолозите сметаат дека смеата е најдобриот лек за срцето! Само 15 минути смеење може да го даде истиот ефект за здравјето на крвниот систем, како и половина час вежбање.

  7. Добро наспијте се, бидејќи недостигот на квалитетен сон го зголемува крвниот притисок, нè прави нервозни, го зголемува стресот и апетитот, го забавува метаболизмот и има лош ефект врз нашето расположение. Пред да одите на спиење добро проветрејте ја собата, па дури и во зима, и отстранете ги сите оние работи кои би можеле да ви го одвлечат вниманието – книги, весници, телевизор и мобилни телефони. Спалната соба е само за спиење!

  8. Луѓето кои сакаат да имаат здраво срце и да си обезбедат себеси подолг живот, можат да чуваат куче. Всушност, најдобар пријател на човекот може да помогне во намалувањето на ризикот од развој на болести на срцето, а воедно позитивно влијае врз намалувањето на нивото на дебелина, висок крвен притисок и холестерол.

  9. Заборавете на вештачко дишење доколку видите некој кој има срцев удар или застој на работата на срцето. Најдобро решение е континуираната масажа на срцето – советуваат експертите.

“Доколку се обидете да остварите масажа од сто компресии во минута, дури и ако не сте го направиле тоа совршено, ќе имате најголеми шанси да го остварите најдобриот проток на крв” – објаснува д-р Карл Керн, истражувач во Sarver Центарот за срце во Тускон. Со оваа техника не го проверувате пулсот на лицето, не ги чистите нејзините дишни патишта и не изведувате дишење уста-на-уста!

  1. Просечното срце чука 72 пати во минута, 100.000 пати на ден, 3,6 милиони пати годишно и 2,5 милијарди пати во текот на животот. Чувајте го!