sex_1

Дали сексот подолго ќе трае доколку носите кондом? Колку е голем клиторисот? Кога луѓето обично ја губат својата невиност? Тоа се само некои од прашањата на кои даваме одговор во овој текст. Овие десет факти можеби не сте ги знаеле.

1) Од сексот привремено може да го загубите паметењето

Во 2011 година, се расчу приказната за една жена, која го изгубила своето паметење веднаш по доживувањето на оргазам. Таа и нејзиниот партнер тврделе дека таа не можела да се сети на она што се случувало во изминатите 24 часа. Од тогаш таа има проблеми со паметењето. А постојат и други слични случаеви.

2) Јаболките се поврзуваат со поквалитетен сексуален живот

Во едно истражување 730 жени биле поделени во две групи: во една биле оние кои јаделе многу јаболки дневно и оние кои не јаделе јаболки. Се покажало дека оние кои јаделе јаболки биле позадоволни од својот сексуален живот отколку оние кои не јадат јаболки.

3) Клиторисот е исто толку голем колку и една тиквичка со средна големина

Врвот кој може да се види е буквално само врв на ледениот брег.

4) Во клиторисот постојат околу 8.000 нервни завршетоци

Околу 8.000 нервни завршетоци се наоѓаат во клиторисот. Тоа значи дека концентрацијата на нервните влакна во клиторисот е погуста отколку во јазикот или на врвовите на прстите.

5) Должината на сексот не зависи од тоа дали користите кондом или не

Студијата во која биле вклучени 500 двојки од пет земји го мерела тоа колку им е потребно на мажите да дојдат до оргазам за време на пенетрацијата. Просечниот однос траел пет минути, а кондомите не предизвикале промени во овој просек.

6) Полесно ќе доживеете оргазам доколку вашите стапала се топли

Една холандска студија покажала дека луѓето имаат за 80 отсто повеќе шанси да доживеат оргазам доколку носат чорапи, додека имаат само 50 отсто шанси доколку не ги носат.

7) Три четвртини од луѓето имале секс до доцните тинејџерски години

Според едно истражување на Институтот Кинси, три четвртини од луѓето имале редовен секс до доцните тинејџерски години. А повеќе од две третини од нив имале најмалку двајца партнери до тоа време.

8) Луѓето на возраст од 18 до 29 години имаат секс во просек 112 пати во годината

Според една американска студија, луѓето на возраст помеѓу 18 и 29 години имаат секс во просек 112 пати годишно. Истата студија покажала дека оние на возраст помеѓу 30 и 39 години имаат секс во просек 86 пати годишно, додека оние на возраст од 40 до 49 години имаат секс во просек 69 пати во годината.

9) Мажите кои ги изневеруваат своите сопруги имаат поголема веројатност да доживеат срцев удар

Не се случува толку често луѓето да умрат за време на сексот. Но, кога тоа се случува, тоа им се случува најчесто на мажите кои имаат секс со своите љубовници. “Во повеќето случаи, нивната партнерка е помлада, сето тоа се одвива во непозната средина, и после обилен оброк и многу алкохол”, истакнуваат од Американското здружение за болести на срцето.

10) Можно е мажот да се “заглави” во жената за време на сексот

Тоа се случува кога мускулите на вагината толку се згрчуваат што пенисот не може да се извлече без помош на доктор. Овој феномен се нарекува “пенис captivus”.

Тагови: љубовсекс