Многу животни пролеваат солзи, но единствено човекот има способност да плаче при наплив на емоции. Солзите се неиоходни за да ја одржат влажноста на очните јаболкца и содржат протеини и други супстанци кои го одржуваат здравјето на очите и се борат со инфекциите. За солзите сигурно знаете малку. Прочитајте ги овие 13 факти за нив.

1) Постојат повеќе видови на солзи

Основни солзи се оние солзи кои постојано ги облеваат солзите и служат за одржување на влажноста, нивното хранење и заштита на очите.

Вториот вид на солзи се рефлексните солзи, оние кои ги штитат очите од иритантните надразнувања, како што се оние на ветрот, чадот или лукот. Овие два типа солзи имаат различен хемиски состав.

Третиот тип солзи се емоционалните солзи. Едно истражување открило дека овие солзи содржат повеќе протеини отколку останатите два типа, но науката е сеуште далеку од заклучок по ова прашање.

2) Истражувачите не знаат зошто точно плачеме

Постојат многу теории. Од гледиште на еволуцијата, некои научници тврдат дека луѓето плачат за да сигнализираат тага, но без притоа да произведуваат звук (тишината била неопходна заради стравот од предаторот). Со развојот на човековото однесување, солзите добиле повеќе од една намена. Луѓето плачеле за да сигнализираат проблем или пак за да бидат утешени од страна на присутните. Бебињата плачеле за да го привлечат вниманието на родителите, додека возрасните плачат за да им помогне пријателот или саканата личност. Плачењето може да доведе до побрзо разрешување на конфликтот.

3) Составот на солзите биохемиски е сличен на составот на плунката

А, помеѓу останатото, тие се составени од протеини, соли и хормони.

4) Жените навистина плачат повеќе отколку мажите

Според една проценка, жените плачат 5,3 пати месечно, а мажите 1,4 пати. Според друга статистика, пак, жените плачат два до пет пати месечно, додека мажите плачат еднаш во два месеци. Според едно германско истражување, плачењето кај жените во просек трае шест минути, а кај мажите четири (истото истражување открило дека плачењето се претвора во липање во 65 отсто од случаевите кај жените и 6 отсто од случаевите кај мажите).

5)Разликите меѓу половите варираат во зависност од културата

Кога се работи за плачењето, разликите помеѓу половите се условени од културата. Изненадува фактот што во западните култури, каде жените имаат еднакви права и слободи како и мажите, жените плачат повеќе отколку на било кое друго место. Ова сигнализира дека плачењето е неволен, рефлексен симптом кој е резултат на специфични чувства.

6) Солзите ги создаваат солзните жлезди

Солзните жлезди се наоѓаат на надворешниот агол на горниот капак. Кога ќе се произведат вишок солзи, тие одат преку мала цевка во носната шуплина. Доколку имате премногу солзи, тие истекуваат од очите.

7) Нашите солзи на другите им испраќаат сигнали

Една студија од 2011 година дошла до заклучок дека мирисот на женски солзи кај мажите предизвикува пад на тестостеронот и намалување на сексуалното возбудување.

8) Крокодилските солзи навистина постојат!

Истражувачите од Универзитетот на Флорида тврдат дека крокодилите навистина плачат, но не затоа што се тажни. Во текот на истражувањето се следеле седум животни (крокодили) и се открило дека пет од нив солзат додека јадат. Причината за овие солзи сеуште не е јасна. Изгледа дека крокодилите константно произведуваат солзи, а нивната функција е да ги одржат очите влажни.

9) Солзите радосници не се разликуваат многу од обичните солзи

Според една теорија, плачењето му помага на телото да се врати во состојба на хомеостаза после голем шок- позитивен или негативен. Веднаш после големиот емоционален шок, без оглед на тоа дали тој е предизвикан од нешто пријатно или пак, непријатно, солзите ни помагаат да се вратиме на нормалното функционирање.

10 ) Некои луѓе плачат повеќе од други

Познато е дека жените плачат повеќе од мажите, како и тоа дека луѓето кои искусиле траума, анксиозните луѓе, екстровертите и емпатичните луѓе полесно заплакуваат. Но, понекогаш се важни и другите особини на личностите. Некои луѓе се едноставно посклони на плачење, додека пак други и не плачат така често. На плачењето влијаат и нивото на стрес, хормонските варијации, менталното здравје и уморот.