Иако месото најчесто се наоѓа на врвот на листата намирници кои се богати со железо, постојат голем број намирници од растително потекло кои содржат подеднакви, па дури и поголеми количини од овој минерал. Препорачаната дневна доза железо за возрасни изнесува од 8 до 27 милиграми. Додека на возрасен маж му треба помала количина железо, на постарите жени, трудниците и доилките им се препорачува поголема доза од препорачаната дневна доза. За да ја подобрите крвната слика, не мора да се откажете од вегетаријанскаа исхрана и да посегнете по хамбургери или да купувате фармацевтски суплементи во вид на таблети.

 

Овие 10 намирници многубро ќе го подигнат нивото на железо во крвта:

 

Спанаќ

 

 

Темнозелениот лисјест зеленчук, посебно спанаќот, е исклучително богат со железо. Во три шолји спанаќ има 18 милиграми железо, што е многу повеќе од содржината негова во 220 грама месо.

 

Ако во својот оброк додадете варен спанаќ или ако го послужите како салата од млади сирови листови, ќе му обезбедите на своето тело доволно железо за преку целиот ден.

 

 

Брокула

 

Не само што е брокулата богат извор на влакна, туку е и клучен извор на витамини и минерали, како што се витамините Ц и К и магнезиумот. А освен нив содржи и големи количини железо. Ц витаминот во брокулата овозможува побрзо апсорбирање на овој минерал во крвта.

 

 

Леќа

 

 

Само една мала шолја леќа има повеќе железо од 220 грама говедска шницла. Леќата е исто така квалтетен извор на диетални влакна, на калиум и на протеини. Може да се додава во салати и варива или од него да се подготви чорба.

 

 

Печен компир

 

Еден голем печен компир содржи речиси три пати повеќе железо од 85 грама пилешко месо. Ако се сервира со грчки јогурт, кој претставува богат извор на протеини, и со варена брокула, се добива совршен оброк кој може да се јаде и за вечера.

 

 

Сусам

 

 

Само една лажица сусам содржи дури 1.3 милиграми железо. Оваа високо нуритивна намирница лесно се вклучува во исхраната – може да се додаде, на пример, во утринското смути или со неа може да се похува зеленчук или риба.

 

Индиски орев

 

 

Јаткастите плодови се богат извор на протеини кои вегетаријанците со задоволство ги користат при подготовка на јадењата. Тие се особено важни поради тоа што содржат голема количина железо во себе. Една четвртина шолја индиски оревчиња содржи 2 грама железо.

 

 

Леблебија

 

Една мала шолја леблебија содржи 4,7 грама железо, што е повеќе од половина од вкупната препорачан доза за возрасен маж.

 

Црна чоколада

 

Освен што придонесуба за здрав изглед на кожата изадрави заби, црната чоколада ја намалува анкциозноста и претставува сладок начин за зголемувањ ена нивото на железо во крвта. Триесет грама црна чоколада содржи помеѓу 2 и 3 милиграми железо, што е повеќе отколку што има во иста количина говедско месо.

 

 

Блитва

 

 

Само една мала шолја блитва содржи 4 милиграми железо, што е повеќе отколку што има во еден хамбургер. Блитват аисто така претставува и важен извор на омега-3 масни киселини, витамини А, Ц и К и витамини Б-комплекс.

 

 

Црвен грав

 

Црвениот грав содржи 3 до 4 милиграми железо во една мала шолја.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина