Сигурно не постои ниту еден човек кој не пател од проблеми со варењето во животот. Без сомнение, тоа предизвикува многу непријатности и ги прави потешки за извршување секојдневните активности. Постојат разни причини за лошото варење. Во повеќето случаи, тоа е предизвикано од прејадување или консумирање презачинета храна. Некои луѓе исто така можат да страдаат од чувствителен стомак, кога јадат многу брзо. Освен наведените, постојат и други причини за лошото варење. Познато е и дека некои лекови предизвикуваат потешкотии во варењето, како и алергиите, седечкиот начин на живот и т.н. Најчесто поставувано прашање е кои се најраспространетите симптоми на оваа состојба. Одговорот на ова прашање е губење апетит, запек, претерана количина гасови, болка/или чувство на пецкање во пределот на абдоменот. Ако мислите дека страдате од проблеми со варењето, тогаш користењето на сода бикарбона е најдоброто лекување.

Диспепсија е термин кој ги опфаќа сите проблеми со варењето, чувство на надуеност, стомачни киселини и губење на апетитот, повраќање, мачнини и гасови. Причини за појавата има многу (прејадување, ако јадете зачинета или брза храна), а еве 10 начини како да се ослободите од нив по природен пат.

Јаболков оцет

  • Ставете една лажичка јаболков оцет во чаша вода

  • Додајте 1 лажица мед во водата

  • Пијте 2 до 3 пати дневно

Семе од коморач

Семето од коморач е многу корисно кога јадете зачинета и масна храна.

  • Пијте чај од коморач

  • Џвакајте по една лажица коморач дневно

Ѓумбир

Ѓумбирот ги стимулира соковите и ензимите за варење, така што го подобрува варењето.

  • Измешајте 2 лажици сок од ѓумбир, една лажица сок од лимон и прстофат сол

  • Сокот од ѓумбир пијте го за да одбегнете грчеви, гасови и болки во стомакот

  • Користете суплементи

 

Сода бикарбона

Таа помага при вишокот киселина во желудникот. Одличен најефикасен и најбрз лек е за овој проблем. Половина лажица сода бикарбона растворена во чаша вода и сите проблеми исчезнуваат.

Коријандер

Коријандерот е ефикасен начин за подобрување на варењето.

  • Додајте печено семе од коријандер и пијте два пати дневно

Чаеви од билки

Консумирајте чаеви од омилените билки по обилен оброк. Пробајте чај од нане, капини и боровинки за брзо олеснување на варењето. Чајот од камилица ќе го смири желудникот.

Јаболко

Исхраната богата со влакна може значително да го подобри варењето. Влакната кои ги содржи ја подобруваат работата на цревата и за кусо време ги отстранува болките.

Грејпфрут

Грејпфрутот содржи витамини кои го смируваат желудникот. Исто така, тој го засилува лачењето на дигестивните сокови. Изрендајте кора од грејпфрут, оставете ја добро да се исуши и земајте по една лажичка од неа ако имате проблем со варењето.

Портокал

Портокалот содржи киселини кои се добри за вашиот стомак. Изедете портокал или напијте се сок од исцеден портокал пред јадење, за да ги одбегнете проблемите со варењето. Сокот од ананас е исто така добар избор.

Цимет

Циметот е одличен зачин за уште една фантастична промена. Ги намалува болките и грчевите кои се јавуваат во случај на прејадување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина