Можеби се сеќавате кога бевте деца, а вашите мајки со лажичка ви даваа некакво одвратно рибино масло, кое до денес не сте го заборавиле? Или пак, тоа масло беше во капсули?

Моето беше во жолти провидни капсули, кои морав да ги пијам со цел за да го зајакнам имунитетот, особено во зимскиот период од годината. Тоа беше пред многу години, кога храната сама по себе не беше толку неквалитетна, кога не моравме да користме суплементи, но сепак ова рибино масло редовно беше на менито на децата заедно со ручекот. Затоа, воопшто не е чудно што рибиното масло се нарекува најстар суплемент во исхраната на светот .
Се чини дека од тогаш има голем напредок кај рибиното масло. Повеќе нема лош вкус и може многу полесно да се користи. Денес може да се најде со вкус на јагода, портокал, праска, а особено она кое што е наменето за децата.

Следствено на ова променливо време, квалитетот на храната кој е толку лош, поради кој и лекарите ни советуваат дека е подобро да си купиме сопствен лимон, кој ќе го одгледуваме на балконот, бидејќи лимоните од продавниците не се квалитетни, како и несоодветната и често неправилна исхрана, се чини дека рибино масло е нешто што би посакале редовно да го користиме во нашата исхрана.
Исто така, секој знае дека рибиното масло штити од висок, лош холестерол, а го зголемува добриот холестерол, го штити срцето и крвните садови, и го намалува ризикот од срцев удар. Докажано е дека, меѓу преживеаните од срцев удар со користење на рибино масло секојдневно за 3,5 години, се намалува ризикот од срцев удар за 50%.

ribino-maslo_2

 

Затоа не е изненадувачки дека Ескимите кои секојдневно консумираат големи количини на сина риба, речиси никогаш не заболуваат од срцеви болести. Значи, не треба да имате проблеми со срцето, за да започнете со користењето на рибиното масло. Не само што е превенција од кардиоваскуларни болести, рибиното масло може да го консумирате за подобрување на циркулацијата и крвната слика.
Мозокот на децата, особено многу, се храни со омега 3 масни киселини. Докторите препорачуваат, ако живеете во области со слаба понуда на сина риба, и ако не јадете две порции риба неделно, тогаш да ги консумирате овие суплементи на омега-3 масни киселини.

Рибиното масло помага во лекувањето на депресијата, стресот, анксиозноста и придонесува за цврстината на коските. Исто така, при поголем, било каков напор, рибиното масло ќе помогне во подмачкување на зглобовите, а болките ќе бидат со помал интензитет.

Иако, рибиното масло, по состав и име, припаѓа во групата на масти, тоа, сепак ќе ви помогне да ги губите вишокот на масти во телото. Затоа, ако мастите од животинско потекло (тука зборуваме за копнените животни), ги замените со овој вид на масти, како што е рибиното масло, тоа ќе им помогне да се зголеми оксидацијата на мастите во масните клетки. Најдобро е да се зема како суплемент со јадењето бидејќи на тој начин се сопира неговата оксидација.
Се разбира, омега 3 масните киселини може да се внесуваат во организмот преку консумирање на поголеми количини на сина риба како туна, скуша, сардини, инчун, лосос  итн. Во последниве години, туната која што се нуди во рибарниците е преценета, и затоа можете да заштедите при подготовка на ручекот ако употребите сардина или пак инчун.

Добри извори на омега 3 масни киселини се јаткастите плодиви, лененото семе, лененото масло и маслиновото масло. Со термичка обработка на маслото, неговата вредност се намалува, па затоа е најдобро да се консумира како дел од салати, како зачин или како прелив на јадењата.

Важно е рибиното масло да се вклучи во редовната исхрана, со цел да имате најмногу корист. Затоа се препорачува, на вашето неделно мени, да имате 3 пати неделно риба со маслиново масло, за вечера младо сирење, зачинето со ленено семе или лажица ленено масло.

Секој производител на рибиното масло како суплемент, нуди различен квалитет, и затоа треба да внимавате кога ќе изберете кој суплемент ќе го користите.

Исто така, може да се најдат различни видови на масло, како што е маслото од бакалар, лосос, масло од црн дроб на ајкула, сардини, харинга итн.

Затоа, ако на вашето мени, редовно имате рибино масло како суплемент, ќе го зајакнете вашиот имунитет, а со тоа успешно ќе се заштитите од повеќето настинки и вируси оваа зима.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.